Достапни линкови

Руска офанзива на Балканот со геополитика од 19-от век


Москва со геополитика од 19-от век против ЕУ и НАТО на Балканот
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:34 0:00

Москва со геополитика од 19-от век против ЕУ и НАТО на Балканот

Русија не може да му парира на Западот на економски план во Западен Балкан и затоа со специфични инструменти делува на три полиња во регионот за да го запре ширењето на двата западни сојузи, е заклучокот од најновиот извештај на на Европскиот совет за надворешни работи.

Русија никогаш нема да може да му парира на Западот на економски план во Западниот Балкан, и затоа со специфични инструменти делува на три клучни полиња за ширењето на своето влијание меѓу земјите аспиранти за ЕУ и НАТО, вели д-р Марк Галеоти, координатор на Центарот за европска безбедност и автор на најновиот извештај на Европскиот совет за надворешни работи.

Поради тоа, Москва се концентрира на три клучни цели: Стекнување моќ и улога на регионален играч, Попречување на проширувањето на НАТО и Искористување на потенцијалното проширување на ЕУ (и неговите потенцијални неуспеси).

Стекнување моќ и улога на регионален играч

Балканот не е од голема економска или стратешка важност, но тоа што е во соседството на ЕУ, како и заради улогата на Турција во регионот, вели Галеоти, е важен за Русија. Во овој случај се работи за амбициите на рускиот претседател Владимир Путин за „Големата Русија“, кои се реминисценција на една геополитика од 19 век. Тука централен елемент е верувањето дека ако имаш голема моќ, по дефиниција имаш и сфера на влијание и право да располагаш со интересите на помалите држави.

На најновата деструктивна политика од Русија предупреди и американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел, за време на неговата посета на Балканот.

„Гледаме дека Русија игра сè подеструктивна улога во поголемиот дел од Балканот во ширењето на дезинформации и така ги поткопува демократските институции. Ние бевме јасни во разговорите со Русите дека тоа не е ниту во нивен интерес, ниту во интерес на народите од овој регион“, изјави Мичел.

Попречување на ширењето на НАТО

Влегувањето на Црна Гора во НАТО, чија армија е голема колку еден руски полк, тешко дека ќе ја направи Алијансата пострашна, но, според Галеоти, за Москва секое проширување на НАТО е пречка, предизвик, па дури и прекршок, бидејќи Русија е убедена дека ѝ било ветено оти ширењето на НАТО завршило со Студената војна.

Општо земено, како што вели еден поранешен руски инсајдер, цитиран во овој извештај - „Уште од времето на СССР, секој успех за НАТО е, де факто, пораз за Русија“.

Затоа Кремљ нема да запре и на секој можен начин ќе се обидува барем да го забави проширувањето на Алијансата.

По руската анексија на Крим, по која Русија и отворено ја почна својата пропагандна офанзива кон Европа, шведскиот дипломат и еден од најугледните европски политичари, Карл Билд, укажа на новиот политички менталитет на Русија.

„Постои нов политички менталитет што води од Кремљ. Тие имаат намера да изградат, како што јас понекогаш велам, бастион против Западот“, изјави Билд.

Искористување на потенцијалното проширување на ЕУ

Наспроти ставот кон ширењето на НАТО, Москва на проширувањето на ЕУ гледа како на нешто бенигно, што според Галеоти, произлегува од нејзиното непочитување и потценување на Унијата. Москва е убедена дека проширувањето на ЕУ со Западниот Балкан има штетна предност, односно дека потенцијалниот прием на нови, сиромашни земји ќе предизвика нови оптоварување на заедничките ресурси и ќе доведе до поголеми поделби во Унијата. Тоа се покажува во случајот на Србија, за чие зачленување во ЕУ, Русија нема ништо против и ако Белград му се придружи на Брисел, Москва или ќе има тројански коњ во Унијата или ќе поентира со евентуалното одбивање на ЕУ да ја прими Србија.

По ова прашање копретседавачот на Советот на Европа за надворешна политика, Карл Билд, цитиран во Извештајот на Галеоти, вели: „Времето истекува. Брисел мора да ја смени брзината ако сака да ги реализира своите балкански амбиции“.

XS
SM
MD
LG