Руска стратегија на Балканот - „раздели па владеј“
За ширење на своето влијание во Западен Балкан, Москва во својот план вклучува и настојува целосно да искористи три класични стратегии - Раздели, па владеј, придобивање на елитите и искористување на нереалните очекувања. Ова е заклучокот на поглавјето „Московски стратегии“ од најновиот извештај на Европскиот совет за надворешни работи насловен „Дали Западен Балкан се соочува со руска бура?“