За името на седумнаесетгодишната кошаркарка Михаела Алексовска веќе се врзуваат неколку титули. Ново во низата признанија е поканата да биде дел од интернационалниот НБА камп „Кошарка без граници“, кој ќе се одржи од 1. до 4. мај во Милано, Италија.
Почнал да свири клавир на шест години, а денес има седумнаесет и собира пофалби од професорите и награди на натпреварите, дома и во странство. Но, младиот Михаил Тимотеј Пастоњицки го привлекува и информатиката. Вели дека добро е човек да има план „Б“.
Во еден штипски подрум, младиот Стефан создава машини, дизајнира, изработува и тестира печатени плочки и се надева дека еден ден неговите иновации би можеле да го лансираат до вселената.
Младата лизгачка на мраз, Лара Герасимовска, вели дека нема проблем да се појави на тренинг во 6 часот наутро, а попладне да оди и на вториот, ниту да се бори за да им отвори пат на уште помладите од неа.
Младиот Дамјан Ристовски патува по селата за да собере народни носии, песни, приказни... Најстарите меѓу носиите, вели, датираат од 1910-та година. Меѓу оригиналите има и негови парчиња кои сам ги ткае на разбој и ги продава, најчесто надвор од Македонија.
Вели дека има борбена природа и сака предизвици. Младата Арбреша Реџепи е државен првак во џудо, 11 години по ред или откако почнала да тренира. Има медали од повеќе меѓународни натпреварувања и едно учество на Олимписки игри.
Има насликано мурали на повеќе локации во светот, неколку во Скопје, а најмногу во родното Куманово.
Млади од Македонија со различни професии, пасии, интереси и соништа, изминатата година пред камерата на РСЕ ги пратија своите пораки до младите и институциите во земјава. Во овој микс се потсетуваме на дел од нивните приказни.
Според младата виолинистка Ева Богоевска не е клише, туку чиста вистина она дека успехот доаѓа со комбинација од напорна работа и многу љубов. Нејзината дисциплина и посветеност ја однеле до престижни музички сцени, а од неодамна и до класата на славниот професор по виолина Сергеј Островски во Женев
Деветнаесетгодишната Марија Савеска е девојка која живее со церебрална парализа и со огромна желба да ги оствари своите соништа. Ужива кога се дружи со пријателите во Дневниот центар за лица со церебрална парализа, а се чувствува посебно своја и слободна кога оди на часови по пеење и на танц.
Новинарката Цеце Николова денес е девојка која со самоуверен чекор се движи по скопските улици. Некогаш, била збунето, но смело дете кое расте без родителска грижа. Сега има намера да ги решава проблемите на младите без родителска грижа, преку здружението „За тебе“, како негова претседателка.
Македонската пливачка надеж, 16-годишната Миа Блажевска Еминова во своето пливачко портфолио има бројни национални рекорди, медали и пливачки настапи во домашни и меѓународни води. Меѓу нив, со големи букви стои запишано учеството на Олимпијадата во Токио.
Вчитај повеќе