„Држете го талентот жив, некој ќе го вреднува“
Има насликано мурали на повеќе локации во светот, неколку во Скопје, а најмногу во родното Куманово. За 24-годишниот Дејвид Стоилковски, токму муралите се најудобен терен за изразување, иако има и портфолио со графити и тетоважи. Дипломираниот графичар кој сега е на магистерски по сликарство им порачува на младите да го одржуваат талентот жив, а на институциите да ги препознаат младите кои сакаат да придонесат во општеството.