Ледена борба за подобри услови за младите лизгачи на мраз
Младата лизгачка на мраз, Лара Герасимовска, вели дека нема проблем да се појави на тренинг во 6 часот наутро, а попладне да оди и на вториот, ниту да се бори за да им отвори пат на уште помладите од неа. Освојува медали на меѓународни натпреварувања, но веќе не ги гледа како предизвик. Сонот ѝ е да биде една од оние кои го развиле овој спорт кај нас и да го види нашето знаме на Олимпијада, во дисциплината - уметничко лизгање.