Младата актерка Нина Елзесер вели дека ужива работејќи на претстави на независната сцена. Во моментов не цели кон матичен театар и вработување, но како што вели, секогаш цели кон чување на детето во себе и порачува дека актерите никогаш не смеат да бидат ставени во рамка.
Да се тренираат неколку боречки вештини паралелно и да се освојат три златни медали во два различни спорта за еден викенд, не е невозможно за 16-годишната Даниела Алексовска. Таа тренира бразилска џиу џица (БЏЏ), џудо, таи бокс и ММА, а БЏЏ е нејзин матичен спорт.
Велешанецот Ангел Петрушев во кајак влегол во прво одделение. Денес има 18 години, бројни медали и титула - државен јуниорски и сениорски првак на Македонија.
Дваесегодишниот Андреј Димоски кој студира на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, танцува веќе 15 години, а последниве 5 години професионално се занимава со танц.
Дваесетитригодишниот Озбек Ајваз кој е на магистерски студии на Факултетот за ликовна уметност, ги искористил карантинските денови во пандемијата за да го искаже својот револт низ уметност.
Основецот од Скопје, Или Морина вели дека се чувствува подготвен да „скокне“ директно до факултет. Толку знае математика, што од него освен основци, бараат да учат и средношколци, но и студенти.
Битолчанката Мила Ивановска е една од 1900-те студенти од целиот свет кои во 2021-ва година беа примени на Харвард – најпрестижниот факултет во светот, според актуелната Шангајска листа.
Со волонтирањето се стекнуваат многу нови вештини, знаења и пријателства и тоа е волшебно искуство кое на младите им нуди лесен пат до учење на вистинските вредности, сподели 17-годишната средношколка Леа Манева, која во „Црвен Крст- Карпош“ волонтира од 14 години.
Според младата виолинистка Ева Богоевска не е клише, туку чиста вистина она дека успехот доаѓа со комбинација од напорна работа и многу љубов. Нејзината дисциплина и посветеност ја однеле до престижни музички сцени
Тринаесетгодишниот Анди Исмаили од Гостивар вели дека се чувствува целосно свој кога танцува. Страста за танцот му донела бројни медали од домашни и меѓународни натпревари, од кои две светски злата. Тој е дел од студиото за модерен танц „I dance“
Во еден штипски подрум, младиот Стефан создава машини, дизајнира, изработува и тестира печатени плочки и се надева дека еден ден неговите иновации од „batcave-от", како што тој го нарекува подрумот, би можеле да го лансираат до вселената.
Младиот Дамјан Ристовски патува по селата за да собере народни носии, песни, приказни... Завршил средно музичко на отсекот за традиционална музика и игра. Играорец е од дете, а денес е член на ансамблот „Студио Фолклор“ и сака да ја знае историјата на секоја носија
Вчитај повеќе