И таткото на министерот Бочварски влегува во друштвото на семејства на политичари кои отворија компании за производство на електрична енергија. Во овој бизнис досега влегоа сопругата на екс премиерот Ковачевски, Елена, синовите на поранешниот премиер од СДСМ Зоран Заев, Душко, на лидерот на ДУИ Али Ахмети, Шкумбин, како и синот на неговиот сопартиец Муса Џафери, Арјанит.
Државен советник во Министерство за култура, вработени во Министерството на Артан Груби, поранешен член на ДИК, вработена во општина Струга, но и советничка за протокол во владата. Ова се дел од луѓето кои добиле државни пари за невладини организации во кои се основачи, открива Слободна Европа.
Еден ревизорски извештај го отвори прашањето. Како Државниот завод за статистика добил гратис апликација за онлајн пописот на дијаспората? На фирмата која го донирала, претходно и е одобрена финансиска помош за инвестиции, а е управувана од поранешната шефица на кабинет на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев.
Последен договор кој Државна лотарија го има склучено месецов е за купување на апарати за коцкање. Ќе ги набавува компанија која порано работела во дејноста архитектура, со седиште во кумановско Липково. Со промената на името, адресата и дејноста, добива и нов сопственик, 19 - годишниот Фљамур Невзатовски.
Фирмата „Симболико“која е задолжена да закаже термин за нови лични документи со името Северна Македонија, е дел од предистрага на Обвинителството за организиран криминал за јавна набавка поврзана со фингерпинт апаратите. Од МВР велат не знаеле за кривичната пријава што ја поднела Антикорупциска.
Промената на сопственоста на „Хеј ДООЕЛ“ е само дел од низата промени кои се случија поврзани со името на оваа компанија откако РСЕ објави дека склучила договор за закуп со Државна лотарија за изнајмување на деловни простории за месечна кирија од речиси 22.000 евра месечно за период од 10 години.
Државна лотарија склучила договор за закуп на нови простории во скопско Визбегово и ќе плаќа над 21 илјада евра месечна кирија за период од 10 години, открива Радио Слободна Европа. Сопственикот кој му го рента објектот на акционерското друштво бил поранешен бизнис партнер со Ерџан Сулкоски, кој медиумите претходно го поврзуваа со семејството на Али Ахмети.
Игрите на среќа како игра на тронови. Во екот на „битката“ меѓу државата и приватните компании за (пре)власт на бизнисот со обложување и коцкање, РСЕ ги „скенира“ јавните набавки на Државната лотарија. Државна лотарија се фали со зголемен раст на приходите за 2022 година од 32 насто во споредба со 2021. Но, ако се изземат приходите од фирмите - ќерки, всушност е во минус.
Вчитај повеќе