Властите во земјава со години ветуваат дека Шар Планина ќе биде прогласена за национален парк поради значителните природни вредности, но активистите алармираат дека наместо заштита, природата на Шара се уништува со сеча, пожари, но и со бројните проекти за изградба на мали хидроелектрани.
Властите во земјава пет години не успеваат да донесaт измени на Законот за спорт, како што бара Меѓународниот олимписки комитет, за независно функционирање на спортските федерации.
Бизнисменот Орце Камчев во изминативе месеци тивко и полека ги напушта бизнисите во земјава. Се повлече од управувањето и стана малцински сопственик на Систина, а претходно се повлече од директорското место во Орка Холдинг.
На директен или индиректен начин, вицепремиерот Анѓушев е сопственик на една третина од малите хидроелектрани во земјава. Опозицискиот лидер Мицкоски има удел во фирма која има три хидроелектрани. Невладините бараат истрага за тоа дали „се омрсиле“ злоупотребувајќи ја политичката положба.
Жителите на село Жировница во Националниот парк Маврово, деновиве организираа акција за зачувување на Река Жировничка, за која велат дека е под закана од уништување поради плановите за изградба на две мали хидроелектрани кои, според нив, ќе ги стават во опасност и изворите на водата за пиење.
Покрај пријавата за лажен стечај, компанијата „Те-То“ е пријавена и за перење пари, поради сомнеж дека до неа водат трансакции на руски пари кои се предмет на истрага за криминал во Русија, велат од Финансиската полиција.
Туристичка агенција, дуќани во Скопската чаршија, апартмани во Хотел Парк се дел од имотот на ИВЗ. УЈП и неколку институции под лупа го ставија работењето на ИВЗ. Документите до кои дојдовме покажуваат дека ИВЗ за своите приходи на државата не и прикажала ниту една сметка во изминатава деценија.
Меѓународна компанија ќе го отстранува линданот од депониите на ОХИС во Скопје, процес за кој ќе бидат потребни десетици милиони евра, велат од Министерството за животна средина. Истражувањата покажуваат дека 470.000 жители на Скопје секојдневно се изложени на историски натрупаниот пестицид.
Министрите во Владата минатата година потрошиле околу 46 илјади евра државни пари по ресторани. Најмногу од нив, околу 7500 евра потрошил министерот за животна средина Садула Дураки. За разлика од него најмалку или 50 евра потрошила министерката Апостолска.
Иако се уште нема официјална потврда дека битолските основци се повредиле поради играње на опасните интернет игри Момо и Синиот кит, јавноста е во паника од опасностите и предизвиците кои ги нуди виртуелниот свет. Експерти советуваат поголема родителска контрола, но и нивна информатичка едуцираност.
Уставниот суд времено го укина мораториумот за градење во општина Центар. Градоначалникот порача дека е разочаран и дека општината не се откажува од мораториумот. Во меѓувреме ликот на општината и сега се менува.
Иванов од стапувањето на функцијата досега на подароци отишле околу 120 илјади евра.
Вчитај повеќе