„Коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ е поставена на многу добри односи. Мене нема да ме изненади и за очекување ми е во следниот период ДУИ да биде сигурно дел од Владата“, вели во интервју за РСЕ координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски. Овој став го темели на неколку закони предложени од ВМРО-ДПМНЕ за чие носење беше потребно двотретинско мнозинство, а кое се обезбеди со гласовите на интегративците.