Од денеска започнува сезоната во Првата македонска фудбалска лига, во чие друштво се враќа ФК Вардар, кој се соочува со финансиски проблеми. Од клубот испратиле барања до институциите за бришење на долгови и отпис на камати, вели во интервју за РСЕ, Милорад Миленковски од навивачката група Комити.