Постојано се говори дека имаме политички влијанија или притисоци врз судството, но за мене многу поопасни се внатрешните влијанија или неединството во судскиот систем. Немаме црвената линија на саморегулација, на заштита на независноста на судството, вели судијата Лазар Нанев во интервју за РСЕ.
Секоја долготрајност на судењата и траење повеќе од една година создава сомнеж во јавноста дека нешто се случува во позадина. Но, причините не секогаш треба да се бараат само во судството. Тука се и oбвинителство, бранителите и вештачењата кои некогаш траат со години, вели судијата Лазар Нанев.
Во споредба со вкупната сума што се дава за да се откупат телевизиските права за светското првенство, за техничките потреби, мислам дека најмал трошок е еден или двајца коментатори да отидат на светското првенство. Гледачот го забележува тоа, вели долгогодишнито спортски новинар Златко Калински.
Бразил е репрезентацијата којашто можеби е најблиску до светската титула со оглед на составот што го имаат, со оглед на желбите што ги имаат 20 години, гладни се за шампионската титула. Мислам дека Бразил ќе стигне конечно до својата шеста круна, вели долгогодишниот спортски новинар Златко Калински.
Во Предлог-буџетот за 2023 во ставката за студентски стандард има намалување од 15 проценти, а за реновирање на студентски домови има намалување на 34 проценти. Тоа говори дека има голема опасност договореното меѓу студентите и власта да остане празно ветување, вели професор Маја Стевановиќ.
Се предлагаат измени на законот за високо образование кои немаат за цел подобрување на законот, туку атакуваат на оние делови коишто значеа демократизација на високото образование и автономија и надвор и внатре во самите високо-образовани установи, вели професор Маја Стевановиќ од ФДУ.
Планираме блок тарифи за струјата кај фирмите на регулиран пазар, исто како што е за граѓаните. Најскапата тарифа може да биде со цени повисоки од пазарните за да се спречат фирмите да трошат од поевтината струја наменета за граѓаните и малите фирми, вели претседателот RKE Марко Бислимоски.
Треба да се направат анализи, да ја нагазиме топката малку и да видиме каде ќе тераме. Ако се преземе обврска дека струја ќе се обезбеди од домашно производство, вклучувајќи и ТЕЦ Неготино, да се обезбеди, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски.
Нејасна политичка ситуација во Бугарија влијае на бугарските членови во Комисија некои работи да одат побавно сè додека не се избистри ситуацијата за тоа кој ќе ја води политичката влада таму, вели Драги Ѓоргиев, копретседател на македонско-бугарската Комисија за историски и образовни прашања.
Отворањето на бугарските клубови во Македонија, имаат друга цел, да ги нарушат уште повеќе односите меѓу Македонците и Бугарите, и тоа очигледно станува збор за некоја смислена политика, која можеби се води во некои други центри надвор и од двете држави, вели историчарот Драги Ѓоргиев.
Претставници на Народниот правобранител на барање на Бојан Јовановски – Боки 13, биле во затворот Идризово да извршат увид. Боки 13 беше натепан во затворот. Несоодветните услови во затворите се стара болка којашто трае предолго, вели заменик Народниот правобранител Јован Андоновски.
Граѓани се жалат дека трпат закани и притисоци дека доколку не го платат износот веднаш, не само што нема да им запре растењето на каматите, туку дека ќе им биде одземен и приватен имот. Тврдат дека најчесто добиваат закани за насилство, вели заменик Народниот правобранител Јован Андоновски.
Вчитај повеќе