Со стопанските комори се дискутира за нов вонреден данок на екстра добивка. На компаниите што имаат над 10 милиони евра приходи на годишно ниво, при што тоа е 20 отсто повеќе од четиригодишниот просек, дополнително да им се оданочат екстра приходите, вели министерот за финансии Фатмир Бесими.
Во време на кризи проектирањето на капиталните инвестиции е тешка работа, затоа што зборувам за време кога има многу ризици. Затоа и на светско ниво сите меѓународни институции не случајно на квартално ниво излегуваат со проекции, вели министерот за финансии Фатмир Бесими.
Доколку по скрининг процесот македонскиот Устав не е ревидиран, тоа значи дека процесот на европска интеграција моментално ќе биде запрен, се додека таа состојба не се промени, порачува францускиот амбасадор во земјава, Сирил Бомгартнер во неделното интервју на радио Слободна Европа.
Македонците денес не сакаат некој, особено не, амбасадор од голема земја од ЕУ да им објасни како да размислуваат, затоа што луѓето имаат чувство дека многу чекаа, многу отстапки направија и денеска не веруваат во ветувањата и тоа го разбирам, вели францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер.
На топланите Скопје-исток и Скопје – запад, во дозволата им пишува дека може да употребат мазут за 10 дена ако имаат хаварија и немаат пристап до гас. Додека ние имаме пристап до гас, ќе продолжиме да употребуваме гас вели за РСЕ, Насер Нуредини, министер за животна средина и просторно планирање.
Топланите во Скопје треба да продолжат да употребуваат гас, вели министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуреднин во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Постојано се говори дека имаме политички влијанија или притисоци врз судството, но за мене многу поопасни се внатрешните влијанија или неединството во судскиот систем. Немаме црвената линија на саморегулација, на заштита на независноста на судството, вели судијата Лазар Нанев во интервју за РСЕ.
Секоја долготрајност на судењата и траење повеќе од една година создава сомнеж во јавноста дека нешто се случува во позадина. Но, причините не секогаш треба да се бараат само во судството. Тука се и oбвинителство, бранителите и вештачењата кои некогаш траат со години, вели судијата Лазар Нанев.
Во споредба со вкупната сума што се дава за да се откупат телевизиските права за светското првенство, за техничките потреби, мислам дека најмал трошок е еден или двајца коментатори да отидат на светското првенство. Гледачот го забележува тоа, вели долгогодишнито спортски новинар Златко Калински.
Бразил е репрезентацијата којашто можеби е најблиску до светската титула со оглед на составот што го имаат, со оглед на желбите што ги имаат 20 години, гладни се за шампионската титула. Мислам дека Бразил ќе стигне конечно до својата шеста круна, вели долгогодишниот спортски новинар Златко Калински.
Во Предлог-буџетот за 2023 во ставката за студентски стандард има намалување од 15 проценти, а за реновирање на студентски домови има намалување на 34 проценти. Тоа говори дека има голема опасност договореното меѓу студентите и власта да остане празно ветување, вели професор Маја Стевановиќ.
Се предлагаат измени на законот за високо образование кои немаат за цел подобрување на законот, туку атакуваат на оние делови коишто значеа демократизација на високото образование и автономија и надвор и внатре во самите високо-образовани установи, вели професор Маја Стевановиќ од ФДУ.
Вчитај повеќе