Достапни линкови

Нуредини - Скопските топлани не смеат да работат на мазут


Нуредини - Гасоводот во Скопје е клучен проект за намалување на аерозагадувањето
please wait

No media source currently available

0:00 0:14:39 0:00

Нуредини - Гасоводот во Скопје е клучен проект за намалување на аерозагадувањето

На топланите Скопје-исток и Скопје – запад, во дозволата им пишува дека може да употребат мазут за 10 дена ако имаат хаварија и немаат пристап до гас. Додека ние имаме пристап до гас, ќе продолжиме да употребуваме гас вели за РСЕ, Насер Нуредини, министер за животна средина и просторно планирање.

Господине Нуредини, повторно малку пари се издвоени за животна средина во Буџетот за следната година. Дали ова за вас е поразителен податок како министер, бидејќи вашата партија, ДУИ, пред две години се заложи за зелената агенда?

Сакам да ве информирам дека не е баш точно. Кога ние зборуваме за Буџетот на државата, не може само да го гледаме на институцијата, на Министерството за животна средина. Битно е што, ние имаме поголем буџет од претходно. Претходно беше 430 милиони денари, сега е 900 до милион денари. Ние инвестираме во тие теми за подобрување на животната средина, почиста околина, а имаме и нови програми каде собираме надоместоци, законски предвидени. Сега првпат ќе имаме програма за поддршка на општините да инвестираат, дали во вода за пиење, канализација, или нешто друго и за тоа ќе бидат одвоени 232 милиони денари. Второ, ние имаме и 120 милиони денари од средства собрани од надоместок за пластични и био разградливи ќеси, и тие пари ќе ги вратиме целосно на граѓаните, ние ќе набавиме контејнери за селекција на отпад, но тоа е само еден дел.

Ние како партија, идејата секогаш била да зборуваме за зелената агенда, но не само ние како партија, туку и целата Влада и целата држава. Големо задоволство ми е што сите почнаа и на локални избори да зборуваат за чиста околина, тоа значи дека сме направиме некоја промена во државата, сите сега сме посвесни и сите тие кандидати на локалните избори зборуваа за чиста околина, вода за пиење и канализација и за собирање на отпад.

Зошто конкретно вашето министерство не можете да се изборите за повеќе средства, особено што вашата мисија е да креирате политики за животна средина?

Тоа е втората работа што сакав да ја кажам. Значи од централниот буџет ние имаме повеќе од претходно. Но во меѓувреме сме направиле и сите институции да инвестираат во енергија и ефикасност, школите, градинките, болниците и полициските станици да сменат начин на греење. Досега повеќе од 80 полициски станици направиле инвестиција. И во следната година тие институции ќе инвестираат, тоа не значи дека само Министерството за животна средина мора да инвестира, тие имаат можност и подобро знаење за да инвестираат во тие згради. Но што ние сме направиле во ова време. Кога јас почнав пред три и нешто години, беше да најдеме можност, не само нови закони и тие да поминат во Собрание, туку и да најдеме финансиски можности. Пред еден месец потпишавме договор со Европската банка за инвестиции од 50 милиони евра за поддршка за општините да инвестираат во вода за пиење и канализација. Помина и друг закон за заем од ЕБОР од 55.6 милиони да инвестираме во инфраструктура, да изградиме депонии во пет региони во нашата држава. Плус имаме добиено 9 милиони швајцарски франци од Швајцарија како грант компонента за изградба на депонии и една за секогаш да имаме управување со отпад. Тоа не е целата финансиска моќ што ја имаме ние. И од ИПА програмата, ќе почнеме изградба на централна депонија во Свети Николе за североисточен и источен регион. Таму инвестираме околу 40 милиони евра, тоа е од грант компонента и до буџетот на државата, 15 отсто е секогаш од нашиот буџет. И за пречистителната станица во Скопје, ние како Министерство сме потпишале договор и со ИБ и со ЕБОР, заедно со Град Скопје и со Водовод – Скопје, заем од 126 милиони евра, плус 72 милиони грант компонента.

Дали тука дел од проблемот е капацитетот на министерството да ги реализира буџетите?

Ние сме мало министерство. Една од идеите е да изградиме Агенција за животна средина. Ние сме министерство и Управа за животна средина, тоа е внатре во министерството, идејата е да биде независно, а ние како Министерство за управуваме со политиките и проектите. Имаме, сега за сега, доволно експерти во министерството, но секако мора да го зголемиме бројот на вработени кои имаат знаење и експертиза за поголеми проекти.

Според ситуацијата излегува како животната средина да се сведува на ниво на дневна политика. Проблемот со загадениот воздух е со години, имав високи концентрации за ПМ честици во Скопје, Битола, Тетово, Струмица, долго време се чека да се реши проблемот со отпадот, депониите, Охрид и Маврово се под притисок од загадување и до урбанизација. Се чини дека меѓународната заедница се грижи повеќе за нашите природни богатства отколку нашата држава, зборувам за ОН, УНЕСКО, Бернската конвенција.

Јас искрено да кажам не можам да зборувам за претходните, ни ние не сме во оваа состојба во вчера, во оваа состојба сме од претходните декади. Ние имаме многу проект што сме направиле, национален парк, нови заштитени зони, направивме студија за Охрид, постапуваме по препораките од УНЕСКО, голем дел од тоа сме направиле или сме во тек.

Во однос на загадувањето на Скопје, сега имаме ситуација со топланите кои најавуваат дека е можно да работат на нафта и на мазут, и повторно е загаден воздухот, како во изминатите години. Конкретно нешто околу ова, како би можело да се избалансира во претстојната зима?

Јас лично и како Министерство за животна средина секогаш сме имаше еден ист став – да продолжиме да употребуваме гас за затоплување на Скопје. Некои од топланите имаат можност да употребат мазут или дизел, ако е со дозвола. Топланите Скопје-исток и Скопје – запад, во дозволата им пишува дека може да употребат мазут за 10 дена ако имаат хаварија и немаат пристап до гас. Додека ние имаме пристап до гас, ќе продолжиме да употребуваме гас.

Кога зборуваме за загадувањето, нормално дека не ни е идејата да употребуваме мазут или дизел за греење, за тоа имаме закони и дозволи, а за да направиме измени на дозволи ќе ни треба некое време, зошто ќе треба да направиме студии кои ќе покажуваат дека нема да има нови загадувања ако употребени некои други материи. Тие мерки што ние сме ги преземале со години за инвестирање во промена на греење во државни згради и за локална самоуправа, но и да поддржиме граѓани да менуваат греење на домови, покажуваат резултати. Да, за жал, уште имаме проблем со аерозагадувањето, но чекор по чекор ја подобруваме состојбата. Имаме податоци дека секоја година е подобро. Дали е во ред? Уште не. Имаме уште многу работа пред нас за да немаме проблем со аерозагадувањето, заради тоа ние секогаш зборуваме за гасификација на Скопје, тоа е еден од најголемите проекти, еден од клучните делови од решението на загадувањето во Скопје.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG