Најмногу ми пречи тоа што не се воспостави нов систем со кој ќе се дојде до правдата што толку очајно сите ја посакуваме и ја очекуваме, вели актерката Симона Спировска која беше во првите редови на „Шарена револуција“.
По Шарената револуција многу политичари седнаа на обвинително столче во Кривичен суд, некои беа и во притвор, а некои побегнаа од земјава. За актерката Симона Спировска која беше во првите редови на демонстрантите кои ги „боеја “ фасадите на македонските институции денеска „правда нема “.
Стабилизирање значи дека веќе нема да има ваков нагол пораст на цената, туку цената ќе флуктуира околу новото ниво. Така што тоа е една нова реалност на којашто треба да се прилагодиме како граѓани, како компании и се разбира владата со мерки, вели професор Марјан Петрески за РСЕ.
Поранешниот премиер Владо Бучковски повеќе од една година е специјален претставник на македонската Влада за Бугарија. Во разговорот за РСЕ тој вели дека во Договорот за пријателства го има поимот заедничка историја, но не и тоа дека таа е бугарска, како што тврдат дел од бугарските политичари.
Претходната влада остана многу нерешени прашања, па така новиот владин неуигран тим тешко ќе се носи со наследените проблеми, а виси и легитимитетот на владата, вели професор Трајко Славески, член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Буџетот е како дупната вреќа и за оваа година, а ќе биде и за следната година. Најголем ризичен фактор е изгубената контрола врз расходите, што произлегуваат од енергетската криза. Секој министер за финансии треба да се плаши кога нема контрола над буџетот, вели професор Трајко Славески за РСЕ.
Мислам дека е време Северна Македонија конечно да испрати амбасадор во Софија. Мислам дека тоа секако не помогна, да се нема амбасадор и силно дипломатско претставништво во Софија, секако беше причина што можеби комуникацијата не беше како што треба, вели словенечкиот амбасадор Милан Предан.
Словенечкиот амбасадор Милан Предан вели дека нема увид што е напишано во учебниците во Бугарија за Македонците и во македонските учебници за Бугарија, но претпоставува дека не сè што е напишано го третира соседот на фер начин. Според него, темата за учебниците не треба да биде политичко табу.
Власта остана без мнозинство во Собранието и на располагање беа или нови избори или да направиме коалиција со други партии. Алтернатива го искористи тоа и направи договор со кој зеде места коишто не кореспондираат со нивната сила на терен, вели Горан Милевски, лидер на ЛДП и министер.
За ново парламентарно мнозинство треба да добиеме мандат од граѓаните, а не врз основа на политички интриги во рамките на Парламентот. Ако ние излеземе од Владата тогаш неминовно ќе биде одржување на нови предвремени парламентарни избори, вели лидерот на ЛДП, Горан Милевски за РСЕ.
Институции кои треба да се на врвот на листата на заштита за човекови права се јавуваат токму како прекршители, односно не почитувачи на правата на граѓаните, вели народниот правобранител Насер Зибери.
Долго време се одржуваше ниска цена на струјата и тоа не даваше простор за одржување на енергетските капацитети, вели проф. Ристо Филкоски од Машинскиот факултет во Скопје.
Вчитај повеќе