Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е уапсен под сомнение за земање мито во вредност од 10 милиони долари, јавуваат руските медиуми. Што се крие зад апсењето на Иванов и зошто тоа може да го ослабне неговиот шеф, министерот за одбрана Сергеј Шојгу.
Жителите на Подгорица со години се изложени на опасни токсини, благодарение на практиката на околните компании за отпад, кои согоруваат дотраени гуми за да извлечат метална жица од нив. Тоа предизивкува сериозни здравствени проблеми. Црногорските власти молчат, велат експертите.
Шест месеци откако е притворена во Русија, американската новинарка Алсу Курмашева вели дека ќе излезе на слобода „како невина личност“. Курмашева, која работи за Татар-Башкир Сервисот на РСЕ, е обвинета за непријавување како странски агент и ширење дезинформации за руската војска.
И покрај сцените на славење на толпи луѓе на улиците на Техеран, слушателите на РСЕ во Иран не контактираа за да изразат загриженост за можните последици од масовниот напад на нивната земја врз Израел.
Русија користи модифицирани бомби од советската ера, според украинските војници и цивили во источниот регион Доњецк. Масивните кратери во и околу Адвијивка покажуваат дека ФАБ бомбите биле масовно користени од Русија при заземањето на градот.
Анкета на РСЕ со туристи во Скопје: Што им се допаѓа, а што не?
Украинските сили градат стотици километри утврдени ровови долж линиите на фронтот за да се обидат да го спречат руското напредување. Во еден дел од регионот Харков, мрежа од тунели служи како добро опремен подземен гарнизон за војниците стационирани таму.
Единици на украинската армија започнаа свои кампањи за регрутирање на војници додека Киев ги разгледува плановите за дополнителна мобилизација. Целта е на цивилите да им се даде претстава за воената обука со надеж дека тоа ќе ги мотивира да се пријават.
Активисти и жители велат дека најпосетуваното планинско одморалиште во Србија, Златибор, е под закана од прекумерен развој. Локалните власти велат дека се обидуваат да привлечат милион посетители годишно.
Делови од статуи од масивниот и спорен споменик од комунистичката ера во Софија се лоцирани пред магацин во село во близина на бугарскиот главен град. Статуите беа отстранети од Споменикот на Советската армија. Мислењата на Бугарите за споменикот се поделени.
Откако во декември го освои градот Марјинка во украинската област Доњецк, руската војска сега напредува кон блискиот град Курахове. Поголемиот дел од населението замина, но локалната полиција сè уште има работа за фаќање ограбувачи и спречување на жителите да влезат во опасните области.
Вибрациите на специфичната трска што расте околу регионот Нагорно-Карабах со векови беше клучна за звукот на дудукот во Ерменија. Неодамнешното воено преземање на спорната територија од страна на Азербејџан значи дека производителите на дудуци сега бараат увозна трска, но звукот на дудукот не е ист.
Вчитај повеќе