Анкета на РСЕ со туристи во Скопје: Што им се допаѓа, а што не?
Украинските сили градат стотици километри утврдени ровови долж линиите на фронтот за да се обидат да го спречат руското напредување. Во еден дел од регионот Харков, мрежа од тунели служи како добро опремен подземен гарнизон за војниците стационирани таму.
Единици на украинската армија започнаа свои кампањи за регрутирање на војници додека Киев ги разгледува плановите за дополнителна мобилизација. Целта е на цивилите да им се даде претстава за воената обука со надеж дека тоа ќе ги мотивира да се пријават.
Активисти и жители велат дека најпосетуваното планинско одморалиште во Србија, Златибор, е под закана од прекумерен развој. Локалните власти велат дека се обидуваат да привлечат милион посетители годишно.
Делови од статуи од масивниот и спорен споменик од комунистичката ера во Софија се лоцирани пред магацин во село во близина на бугарскиот главен град. Статуите беа отстранети од Споменикот на Советската армија. Мислењата на Бугарите за споменикот се поделени.
Откако во декември го освои градот Марјинка во украинската област Доњецк, руската војска сега напредува кон блискиот град Курахове. Поголемиот дел од населението замина, но локалната полиција сè уште има работа за фаќање ограбувачи и спречување на жителите да влезат во опасните области.
Вибрациите на специфичната трска што расте околу регионот Нагорно-Карабах со векови беше клучна за звукот на дудукот во Ерменија. Неодамнешното воено преземање на спорната територија од страна на Азербејџан значи дека производителите на дудуци сега бараат увозна трска, но звукот на дудукот не е ист.
Истражувачки новинар рече дека помогнал да се планира потенцијална размена на затвореници, со цел да се вклучи и починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални. Бугарскиот новинар Христо Грозев вели дека планот за ослободување на Навални бил во сила непосредно пред неговата смрт во затвор.
Руски мото клуб е означен како терористичка ќелија откако ја критикуваше војната во Украина во интерен разговор и на социјалните мрежи. Член на групата, татко на четири деца, вели дека бил мачен и принуден да признае нешто за што не е виновен.
По повлекувањето од Авдијивка, украинските единици се обидуваат да изградат нови одбранбени позиции западно од градот. Како што известува Андриј Кузаков од Current Time, многу жители на Авдијивка исто така си заминале. Киев ги обвинува руските сили дека пукале во осум воени заробеници.
Руската влада ја прогласи Радио Слободна Европа за „непожелна организација“, според регистарот што го води Министерството за правда на земјата. Со тоа, на РСЕ и се забранува да работи во Русија и го изложува секој што соработува со медиумот на потенцијално кривично гонење.
Таџикистан го намали бројот на работни места што им се забранети на жените. Сепак, и новата листа сè уште вклучува 194 професии и видови на работа што жените не можат да ги работат, што е помалку од претходните 334.
Вчитај повеќе