Русија ја прогласи РСЕ за „непожелна организација“
Руската влада ја прогласи Радио Слободна Европа за „непожелна организација“, според регистарот што го води Министерството за правда на земјата. Со тоа, на РСЕ и се забранува да работи во Русија и го изложува секој што соработува со медиумот на потенцијално кривично гонење. Претседателот на РСЕ, Стивен Капус, рече дека овој потег покажува дека Москва смета дека независното известување е „егзистенцијална закана“.