Американската новинарка, затворена во Русија, вели дека ќе излезе на слобода како невина
Шест месеци откако е притворена во Русија, американската новинарка Алсу Курмашева вели дека ќе излезе на слобода „како невина личност“. Курмашева, која работи за Татар-Башкир Сервисот на РСЕ, е обвинета за непријавување како странски агент и ширење дезинформации за руската војска. Обвиненијата нашироко се гледаат како одмазда за нејзината новинарска работа. Нејзините коментари беа дадени во порака објавена од еден месечник на татарски јазик во Казан.