По повлекувањето од Авдијивка, украинските единици се обидуваат да изградат нови одбранбени позиции западно од градот. Како што известува Андриј Кузаков од Current Time, многу жители на Авдијивка исто така си заминале. Киев ги обвинува руските сили дека пукале во осум воени заробеници.
Руската влада ја прогласи Радио Слободна Европа за „непожелна организација“, според регистарот што го води Министерството за правда на земјата. Со тоа, на РСЕ и се забранува да работи во Русија и го изложува секој што соработува со медиумот на потенцијално кривично гонење.
Таџикистан го намали бројот на работни места што им се забранети на жените. Сепак, и новата листа сè уште вклучува 194 професии и видови на работа што жените не можат да ги работат, што е помалку од претходните 334.
Во страв за својот живот, Ернест Сулејманов избегал од Крим набргу откако руските сили го зазедоа полуостровот од Украина во 2014 година. Сега тој води ресторан во Варшава, Полска, директно спроти Руската амбасада. „Тоа е како шлаканица“, вели тој, „Крим не е нивен“.
Украинскиот претседател го наименува генерал полковник Олександр Сирски за врховен воен командант на земјата. Тој го замени генералот Валериј Залужни по неколкумесечни шпекулации дека е во судир со претседателот Володимир Зеленски околу стратегијата на бојното поле.
Еден Украинец создаде мобилно засолниште за кое вели дека може да се состави за 2-3 часа и да се стави директно во домот. Серхи Захарин бил толку сигурен во производот што го тестирал така што пуштил тежина од 1 тон на засолништето додека бил во него.
Двајца француски државјани изјавија за РСЕ дека се живи и дека се во Франција, и покрај тврдењата на руските државни медиуми дека биле во украинскиот град Харкив за време на рускиот ракетен напад на 16 јануари и притоа биле убиени.
Руските власти соопштија дека 74 лица загинале кога воен транспортен авион се урна во регионот Белгород на 24 јануари. Билансот, според Москва, вклучува 65 украински воени затвореници кои биле за размена на заробеници. Причината за несреќата и бројот на загинати не се независно потврдени
Неколку луѓе биле убиени и ранети на 23 јануари во новиот бран ракетни напади врз украинските градови, вклучително и главниот град Киев, кога беше прогласена тревога за воздушен напад на целата територија на Украина. Многумина жители на Киев се засолнуваат во метрото.
Руски воздушни напади врз станбени згради во украинските градови Харкив доцна на 16 јануари и Одеса рано на 17 јануари, предизвикувајќи голема штета. Во Харков, најмалку 17 се ранети во ракетен напад.
Жителите на северно Косово, област со мнозинско етничко српско население, конечно ќе бидат принудени да плаќаат сметки за електрична енергија според договорот кој се подготвувал со години. Планот за наплата ќе стави крај на 25-годишната бесплатна струја за четири општини.
Повеќето играчи во косовскиот фудбалски тим со инвалиди загубиле екстремитети од мини за време или по конфликтот во нивната земја во 1990-тите. Тие мораа да ги надминат предрасудите, но сега се натпреваруваат на меѓународни натпревари.
Вчитај повеќе