Неодговорени прашања за падот на рускиот авион
Руските власти соопштија дека 74 лица загинале кога воен транспортен авион се урна во регионот Белгород на 24 јануари. Билансот, според Москва, вклучува 65 украински воени затвореници кои се упатиле на размена на заробеници. Русија ја обвини Украина за соборувањето на авионот. Но, причината за несреќата и бројот на загинати не се независно потврдени, а украинските власти велат дека обвинувањата на Русија имаат за цел да поттикнат дополнителна нестабилност.