Зборувајќи за РСЕ од воено засолниште во источна Украина, жена пилот на беспилотно летало со псевдоним „Сири“, споделува емотивна приказна за губењето на украинските другари додека се борат на фронтот.
Иранска пејачка го оспори строгиот исламски кодекс на облекување со објавување видео на кое настапува без марама. Хана Камкар е втората пејачка која објави концертно видео кое им пркоси на верските правила.
Видеата на еден украински војник во кои се критикуваат офицерите на армијата добија милиони прегледи и предизвикаа јавна дебата. Валериј Маркус почна да објавува видеа на 11 декември, тврдејќи дека „зависта, незрелоста и неспособноста“ се шират.
При неодамнешната посета на Покровск, нашиот известувач Олексиј Продајвода тешко можеше да поверува колку градот во источна Украина е празен додека руските сили се приближуваат. Но, среде егзодус на цивили, Продајвода пронајде и една жена која се вратила.
Студентите учествуваа во повеќенеделни протести во Србија по смртоносното уривање на покривот на железничката станица во Нови Сад минатиот месец. Еве зошто студентите одбиваат да ги прекинат демонстрациите.
Како што завршува школската година во Авганистан, учениците се збогуваат со своите наставници и соученици. За девојчињата на возраст од 11 години, тоа е целосно крај на нивното образование, поради забраната на Талибанците да учат девојчиња по шесто одделение.
На прашањето дали веруваат дека војната ќе заврши во 2025 година, Украинците во Чернихив и Запорожје изразија сомнеж -- иако некои веруваат дека тоа може да се случи ако САД ја повлечат поддршката.
Уставниот суд одлучи да повика експерти за да слушне различни мислења за Законот за употреба на јазиците, а дури потоа да одлучува. ДУИ се незадоволни и смета дека тоа е продолжување на процесот за укинување на Законот за употреба на јазиците.
Новинари во Грузија беа нападнати додека известуваа за масовните протести откако владејачката партија најави одложување на преговорите за членство во Европската Унија. За нападите се обвинуваат „титушки“, што значи платеници ангажирани од властите да ги тепаат и малтретираат противниците.
Грузија повторно се најде на крстопат откако избија протести низ целата земја кога владејачката партија Грузиски сон објави дека ги прекинува преговорите за пристап со Европската унија до 2028 година. Дописникот на РСЕ, Лука Пертаја, објаснува што може да се случи следно.
Практични совети и стручна помош ќе може да добие секој кој сака да се откаже од пушењето, ако се јави на бројот 078 285 873. Целта на Институтот за јавно здравје е да го намали процентот на пушачи, кој изнесува 45 проценти.
Бека Берадзе, новинар во грузиската редакција на РСЕ, беше уапсен од безбедносните сили на 1 декември во центарот на Тбилиси. Тој се движел во близина на зградата на грузискиот парламент кога, како што вели, бил нападнат и претепан пред да биде одведен.
Вчитај повеќе