Грузиски новинари претепани од маскирани лица на тековните протести
Новинари во Грузија беа нападнати додека известуваа за масовните протести откако владејачката партија најави одложување на преговорите за членство во Европската унија. За нападите се обвинуваат „титушки“, збор со потекло од протестите во Украина во 2013 година, што значи платеници ангажирани од властите да ги тепаат и малтретираат противниците.