Новинари во Грузија беа нападнати додека известуваа за масовните протести откако владејачката партија најави одложување на преговорите за членство во Европската Унија. За нападите се обвинуваат „титушки“, што значи платеници ангажирани од властите да ги тепаат и малтретираат противниците.
Грузија повторно се најде на крстопат откако избија протести низ целата земја кога владејачката партија Грузиски сон објави дека ги прекинува преговорите за пристап со Европската унија до 2028 година. Дописникот на РСЕ, Лука Пертаја, објаснува што може да се случи следно.
Бека Берадзе, новинар во грузиската редакција на РСЕ, беше уапсен од безбедносните сили на 1 декември во центарот на Тбилиси. Тој се движел во близина на зградата на грузискиот парламент кога, како што вели, бил нападнат и претепан пред да биде одведен.
ој известуваше од протестите кои се случија откако владејачката партија „Грузиски сон“ објави дека ги прекинува преговорите за пристап во ЕУ до 2028 година.
Поддржувачите на опозициските партии во Грузија демонстрираа пред зградата на парламентот во Тбилиси против официјалните изборни резултати за кои тие тврдат дека се наместени. На парламентарните избори, владејачкиот Грузиски сон освои доволно гласови за да ја задржи контролата врз владата.
Грузиската владејачка партија го одржа својот последен предизборен митинг на 23 октомври, три дена пред клучните парламентарни избори кои се сметаат за витален тест за јужнокавкаската нација. Антон Кокаја од РСЕ објаснува што е во прашање.