Создавањето реална, но целосно лажна содржина е полесно од кога било. За само неколку минути, секој може да направи лажно видео, да го објави на интернет и да измами безброј луѓе. Оваа технологија ја замаглува границата помеѓу она што е реално и она што е лажно, и секој може да биде жртва.
Според Синдикатот, потрошувачката кочничка за ноември 2024 изнесува 77.400 денари. Што може да си дозволи едно 4 члено семејство со тие пари, доколку има на располагање две просечни плати? Оние со минимални се далеку од овие пресметки.
Илјадници војници на НАТО вежбаат со артилерија во Финска на само 100 километри од руската граница. Војници од повеќе од 20 нации се распоредени на една од најголемите вежби во поновата историја на организацијата. Олена Абрамович од РСЕ известува од Ровајарви.
„Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа витална улога“, објави генералниот секретар на НАТО Марк Руте.
На 19 ноември се навршуваат 1.000 дена од почетокот на целосната инвазија на Русија на Украина. Ги прашуваме жителите на Киев како и кога мислат дека војната може да заврши?
Амнести интернешенел повика на итно ослободување на младата жена која беше уапсена откако се соблече во долна облека пред нејзиниот универзитет во Техеран на 2 ноември. Снимките од инцидентот се широко споделени на социјалните мрежи.
Со зголемувањето на пензиите во октомври, дупката во ПИОМ порасна за сто милиони евра, пари кои дојдоа од државната каса. За новото зголемување догодина ќе бидат потребни плус 130 милиони евра од буџетот.
Грузиската владејачка партија го одржа својот последен предизборен митинг на 23 октомври, три дена пред клучните парламентарни избори кои се сметаат за витален тест за јужнокавкаската нација. Антон Кокаја од РСЕ објаснува што е во прашање.
Украинците имаат различни реакции откако армиски регрутери упаднаа во ноќни клубови и ресторани барајќи мажи за да ги надополнат воените редови во армијата, кои се намалуваат. Во услови на тековната целосна инвазија на Русија, Украинците на возраст од 25-60 години можат да бидат регрутирани.
Руската безбедносна служба (ФСБ) регрутирала украински деца за да палат украински воени автомобили. Ексклузивна истрага на РСЕ разговараше со деца на возраст од 12 години кои палеле автомобили и друг владин имот за да заработат брзи пари.
Иран истрела балистички ракети кон Израел на 1 октомври како одмазда за израелските операции насочени кон Хезболах во Либан, поддржан од Иран. Израелската војска соопшти дека ќе му возврати на Иран во догледно време.
Вчитај повеќе