Полицијата со употреба на солзавец и водени топови почнала да влегува во универитетот во Хонг Конг кој од пред неколку денови е запоседнат од антивладини демонстранти. Демонстрантите возвратиле со молотови коктели и стрели, при што еден полицаец бил погоден во ногата.
Властите на Самос, грчки остров на првата линија на миграција од Турција, предупредуваат за евентуални немири доколку итно не бидат решени, како што велат, „примитивните“ услови во пренатрупаниот камп на островот.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е „голем обожавател“ на турскиот колега Реџеп Таип Ердоган и покрај спротивставувањето на повеќето во Конгресот што Ердоган беше пречекан на црвен тепих во Вашингтон.
Илјадници американски земјоделци кои побрзаа да ја садат веќе легализираната марихуана со надеж дека ќе заработат, сега не можат да најдат купувачи. Познавачите велат дека првата легална реколта ги разочара одгледувачите.
Кина и Грција потпишаа во Атина 16 билатерлани спогодби во кои се нагласува соработката во широк спектар на сектори.
Сегашниот премиер на Шпанија Педро Санчез победи на вчерашните повторени избори, но со послаб резултат од оние во април годинава.
Претседателот на Франција Емануел Макрон во четвртокот ги предупреди сограѓаните во Европа дека НАТО умира, наведувајќи ги притоа недостигот на координација и американската непредвидливост под претседателот Доналд Трамп.
Во наредната недела Претставничкиот дом на американскиот Конгрес започнува нова, јавна фаза во истрагата за импичмент на претседателот Доналд Трамп.
Приврзаници на движењето „Еден на пет милиони“ и опозициската Алијанса за Србија се собраа пред зградата на Радиотелевизија Србија во центарот на Белград.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп официјално ги извести Обединетите нации дека ќе ги повлече САД од Парискиот договор.
Царинската војна меѓу Европската унија и Соединетите држави се заканува да го зафати најпрофитниот извозен сектор на Грција, кој ја преживеа деценијата на економска кризи, но веројатно не и претседателот Доналд Трамп. Станува збор за козревирањето праски.
Грчкиот парламент донесе закон со кој се воведуваат нови построги процедури за добивање азил. До ова дојде и покрај силното противење од меѓународните организации за човекови права.
Вчитај повеќе