САД го напуштаат Парискиот договор за климата
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп официјално ги извести Обединетите нации дека ќе ги повлече САД од Парискиот договор. Ова, како што потврди американскиот државен секретар Мајк Помпео, е првиот официјален чекор во едногодишниот процес за излез од глобалниот пакт за борба против климатските промени.