Влатко Андоновски ја презеде една од најпосакуваните позиции во женскиот фудбал, кормилото на американската репрезентација. До ова доаѓа во пресрет на нејзината рекордна четврта титула во Светскиот куп.
Поголем број светски лидери ја поздравија американската акција во Сирија во која загина лидерот на екстремистичката Исламска држава Абу Бакр ал Багдади.
Во Москва договор за слободна трговија меѓу Србија и Евроазиската економска унија, предводена од Русија, а во Белград по едномесечен пат, пристигна првиот кинески товарен на новата директна шпедитерска линија меѓу Кина и Србија.
Се подигнаа очекувањата дека датумот за преговори ќе биде компензација за Преспанскиот договор, но реформите се клучни за започнување на преговорите, вели францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.
Пратеник од партијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски беше тестиран на детектор на лаги, откако Зеленски упати апел до пратениците да го сторат тоа поради обвиненијата за корупција.
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск најави дека ќе препорача другите 27 земји членки на Европската унија да одобрат одложување на датумот на заминување на Британија од ЕУ.
Рускиот претседател Владимир Путин со восхит годинава во Белград прими привлечно кученце шарпланинец. Љубовта на Путин спрема големото бушаво куче го заживеа интересот за оваа стара раса.
Портпарол на главната курдска група во Сирија изјави дека курдските борци го напуштиле северниот град Рас ал Ајин и оти во него веќе немало нивно вооружено присуство. Во меѓувреме, турскиот претседател Ердиган повтори дека ако не биде испочитувано се што било договорено ќе ја продолжи офанзивата.
Освен за изборите, лидерите на парламентарните партии на средбата кај претседателот Стево Пендаровски застанаа зад ставот дека земјата нема алтернатива за евро-атлантските интеграции. Тие се договоирја дека треба да се исполни стратегиската цел - завршување на формалното пристапување во НАТО.
Премиерот Зоран Заев одлуката на ЕУ да не даде датум за преговори со С.Македонија ја оцени како исклучително лоша и неправедна. Според него, во ваква ситуација граѓаните на избори треба да одлучат дали земјата ќе го продолжи со својот европски пат.
Лидерите на Европската унија го завршија првиот ден од нивниот состанок во Брисел без да донесат заклучок за потенцијалното членство на Северна Македонија и Албанија. Нејасно е дали лидерите и денеска ќе се осврнат на ова прашање.
Илјадници Каталонци неколку дена протестираат во Барселона, изразувајќи протест поради повеќегодишните затворски казни на кои Врховниот суд на Шпанија осуди деветмина каталонски сепаратисти. Протестите минуваат со пресметки меѓу полицијата и демонстрантите.
Вчитај повеќе