Илјадници Каталонци неколку дена протестираат во Барселона, изразувајќи протест поради повеќегодишните затворски казни на кои Врховниот суд на Шпанија осуди деветмина каталонски сепаратисти. Протестите минуваат со пресметки меѓу полицијата и демонстрантите.