Според груба пресметка, околу 80.000 жени се отселиле од земјава помеѓу двата пописа, а околу 128.000 деца растат во странство, вели Јане Крстески, социолог специјализиран за демографија. Според официјалните бројки наталитетот во земјава продолжува да оди надолу.
Дел од младите живеат во неформални партнерски заедници и за нивниот број државата нема евиденција. А има и такви кои основаат семејство надвор од дома. Официјалните статистики покажуваат дека во 2022-ра, во Северна Македонија имало помалку бракови и разводи отколку во 2021-ва.
Кој ќе биде нов претставник на македонските средношколци? Сојузот бира претседател, а РСЕ ве запознава со кандидатите Ива и Берин.
Министерството за образование и наука распиша оглас за нови учебници во основно и средно образование за наредните две учебни години.
Ќе ги креваме додека можеме, но толку е силата - велат родителите на деца со церебрална парализа, кои секојдневно се соочуваат со бетонски бариери движејќи се низ Скопје со количка.
И европските и македонските официјални бројки покажуваат дека низ годините бројот на невработени млади се намалил за три пати. Кои се причините за ваквиот пад?
Дел од младите не штедат зборови кога сакаат да ги навредат врсниците, велат средношколците, а потврдуваат експертите. Како да им се помогне на жрвтите на булинг, но и на насилниците?
Над 100 средношколци од повеќе македонски училишта се собраа на Филозофскиот факултет во Скопје, за да дебатираат на тема насилство.
Дел од просветните работници бараат соработка од родителите и предупредуваат на опасноста од создавање неписмени генерации во иднина. Резултатите од Меѓународната студија за читање (PIRLS 2021) покажаа дека учениците во четврто одделение се на дното на листата со потпросечен резултат во читање.
Вакцинацијата против ХПВ опаѓа, предупредуваат лекарите. Во Карпош вакцинирани само 18% од девојчињата. Причината ја лоцираат во антивакциналните групи кои шират дезинформации. Статистиките покажуваат дека годишно во просек 150 жени заболуваат од рак на грлото на матката, а 40 ја губат битката.
Свидетелствата за завршена учебна година можно е и годинава да не стигнат навреме во јуни. Тендерот за свидетелствата засега е во жалбена процедура, а Комисија за жалби по јавни набавки на 17 мај ќе одлучува, дали ќе се повтори тендерот или која фирма е најдобриот понудувач.
Младите велат дека социјалните мрежи им се потребни како извор на информации, но сметаат и дека тој што таму бара насилство, може го најде. Институциите најавуваат можни ограничувања. Што мислат младите за тоа и што предлагаат тие за живот со помалку насилство во секојдневието?
Вчитај повеќе