На ден пред истекот на рокот за апликација за субвенциониран студентски оброк, пријавени се 16900 студенти. Согласно пресметките на МОН, ова право им следува на околу 40.000. Студентите од новата академска година, како и оние што не го запишале летниот семестар, ќе се пријавуваат во октомври.