Младиот Петар Барлакоски, како прв младински делегат од Македонија во „Обединети нации“, ќе ги застапува младинските прашања и ќе се бори за подобрување на младинскиот стандард.
Во натпревар меѓу 312 средношколци- љубители на хемија, од целиот свет, нашиот Дарко Стојчев доби бронзен медал и на Македонија ѝ го донесе најдобриот единечен пласман од сите натпреварувања на Олимпијадата по хемија досега.
Теориите на заговор поврзани со вакцините за Ковид 19, кај дел од сомничавите граѓани наметнаа „тренд“ на поствакцинално „тестирање“ на своја рака. Со лажичка, паричка или друг метален предмет, некои од нив проверуваат дали се чипирани, други ова го сметаат за апсурдно.
Настанот „Градење Европа дома“, кој се случи во Лерин (Флорина), Грција, спои млади од македонската општина Карпош и грчката општина Аминтио за да се поврзат и заеднички да побараат решенија на проблемите.
Студентите, вработените во Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, но и секој кој ќе покаже интерес за вакцинација, од денеска може да се вакцинира во новоотворениот пункт, на приземјето на Економскиот факултет во Скопје.
Студентката Ива Наскова се кандидираше за титулата Млад европски амбасадор, барајќи шанса да остави отпечаток за подобра иднина и да предизвика промени. Верува дека новите генерации мора да го најдат својот мобилизаторски момент за да дејствуваат во заедничка насока, за заеднички интереси.
На културниот календар на Скопје, од овој први септември стои интернационалниот Скопски поетски фестивал.
Отворајќи различни прашања и споделувајќи секојдневни примери, учесниците во панел дискусијата ‘’Влијанието на различните средини врз менталното здравје на младите’’ бараа заеднички заклучоци преку размена на ставови и пракси. Конечна цел е креирање на документ за јавни политики.
На ден пред истекот на рокот за апликација за субвенциониран студентски оброк, пријавени се 16900 студенти. Согласно пресметките на МОН, ова право им следува на околу 40.000. Студентите од новата академска година, како и оние што не го запишале летниот семестар, ќе се пријавуваат во октомври.
Седумнаесетгодишниот каратист Стефан Стојковиќ ја здружи силата и вештините со 23 годишниот каратист Петар Заборски како негов тренер и заедно стигнаа до златен медал од Европско.
Селекторот на македонската U18 кугларска репрезентација, Игор Михајловски, се надева дека кадетките добро ќе ја искористат втората шанса на Светското првенство во Словенија за подобрување на првиот впечаток и верува во добар резултат на младата Алексовска, која ќе се бори за титулата- Светски првак.
Национален младински совет на Македонија очекува проширување на своето членство по актуелниот отворен повик за нови заинтересирани за здружено делување, во име на унапредување на положбата на македонската младина.
Вчитај повеќе