Приказните на Сребра Ѓорѓијевска и фотографиите на Тоше Огњанов станаа гласници во борбата со стереотипи, предрасуди и стигми кои кружат околу луѓето со попреченост. Со изложбата и книгата „И јас сум тука“ сакаат да ги отворат некогаш затворените очи и уши на нашето општество.
Уметникот Тома Димовски со изложбата „Единица и нула“, ја извади уметноста надвор од четири ѕида, со поставување на делото на еден, 20 метри долг ѕид, под отворено небо.
Македонските средношколци бараат бесплатен и праведен јавен превоз за сите ученици, и тоа не само додека трае наставата, туку 365 дена во годината. Очекуваат реализација преку годишна автобуска картичка која ќе му следува на секој средношколец.
Членовите на првиот инклузивен градски хор на својот прв настап во центарот на Скопје, пуштија глас со надеж дека ќе стигне директно до центарот - до оние кои треба да ги слушнат, па да им дадат шанса.
Да се има претседателка на клас во средните училишта во Македонија е вообичаено. Но, како се оди кон повисоките нивоа на средношколско организирање, очигледна е доминацијата на машките. До ваков заклучок дошле претставниците на „Здружението за едукативен развој- Еквалис“.
Серии, филмови, видеа кои многу брзо стануваат вирални, а во нив има насилни елементи стануваат ултра популарни и кај нас. Психолозите велат дека социјалните медиуми и содржините што ги нудат влијаат врз однесувањето на младите, но не значи дека влијанието е секогаш негативно
Амбасадата на Шведска во Скопје се придружи на глобалната иницијатива #GirlsTakeOver со отворање на конкурс за позицијата „Амбасадорка на еден ден“. Преку оваа можност, една млада Македонка ќе помине еден ден „во чевлите“ на шведската амбасадорка во Скопје, Кристин Форсгрен Бенгтсон.
Можноста за дружба во живо која минатата година им беше „одземена“ на младите учесници на филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“, оваа година им се врати. Под рестрикции и под маски, тие сепак се радуваат на можноста одново да се дружат во живо.
Здружението „Лидери за едукација, активизам и развој“ соработуваше со повеќе од 30 наставници од основни и средни училишта во Македонија, за да собере искуства и да даде насока за навигација низ контроверзни теми во училница.
Анализа на Националниот младински совет на Македонија покажала дека младите не ја уживаат довербата и поддршката од политичките партии како кандидати на позициите за носење на одлуки. Нивно истражување вели и дека дел од младите имаат чувство дека нивниот глас на избори не менува ништо.
Меѓународната младинска конференција „Европски вредности за иднината на земјите во Југоисточна Европа“ отвори простор да се чуе гласот на младите луѓе за да се мобилизираат младите лидери.
Мултимедијалниот проект #NoWaste кој е во фокусот на 24. сезона на Моден викенд Скопје ќе обедини колекции кои се инспирирани од идејата за креирање преку рециклирање. Дел од македонските млади модни дизајнери добиваат шанса да ја прикажат својата визија за одржлива мода.
Вчитај повеќе