Кристина, Анастасија, Миха и Филип од „Дајте музика“ со песната „Green Forces“ на јуниорската евровизиска сцена во Париз ќе пратат музичко предупредување за опасноста од глобалните еко-проблеми.
Првото соларно кино во Скопје им даде шанса на младите да погледнат проекција за 0 денари, односно да „платат“ со по некое парче отпад кое може да се селектира и рециклира, а паралелно да научат нешто повеќе за тоа како да станат дел од решението на глобалните еко-проблеми.
Од враќање на правото на бесплатен превоз со воз до целосно враќање во амфитеатрите, Студентско собрание на УКИМ јавно ги адресира проблемите и потребите на македонските студенти до надлежните инстуции.
Од официјалниот влез на бадминтонот како спорт во Македонија, во 2003 година до денес, според пионерот Горан Тасевски, и деца и возрасни покажале интерес за рекреативен или професионален тренинг.
Ако во нечија глава стои гласината дека младите битолчани генерално се мрзеливи и ретко можеш да ги најдеш во акција, а секогаш - на Широк Сокак како денгубат, во агендата на здружението Форум 16 стои намера оваа перцепција да се смени.
Помеѓу „баш ми е гајле“ и решението на глобалната еко криза постојат бројни групи на еко активисти кои се борат да стигнат од проблемот до решението. Дел од нив тоа го прават од македонска адреса, а некои наши дечки и од странска, со надеж дека утре ќе можат да помогнат дома.
Вратите на скопската гимназија „Орце Николов“ беа временски портал за учесниците на настанот „Ретроспектива 90-ти“, организиран од OрцеTalks.
Каде да се тргне со дипломата од средно или факултет во рака? Програма за кариерно советување како дел од проект на МладиХаб, се обидува да им помогне на младите да го најдат своето место на пазарот на трудот.
Приказните на Сребра Ѓорѓијевска и фотографиите на Тоше Огњанов станаа гласници во борбата со стереотипи, предрасуди и стигми кои кружат околу луѓето со попреченост. Со изложбата и книгата „И јас сум тука“ сакаат да ги отворат некогаш затворените очи и уши на нашето општество.
Уметникот Тома Димовски со изложбата „Единица и нула“, ја извади уметноста надвор од четири ѕида, со поставување на делото на еден, 20 метри долг ѕид, под отворено небо.
Македонските средношколци бараат бесплатен и праведен јавен превоз за сите ученици, и тоа не само додека трае наставата, туку 365 дена во годината. Очекуваат реализација преку годишна автобуска картичка која ќе му следува на секој средношколец.
Членовите на првиот инклузивен градски хор на својот прв настап во центарот на Скопје, пуштија глас со надеж дека ќе стигне директно до центарот - до оние кои треба да ги слушнат, па да им дадат шанса.
Вчитај повеќе