Дел експерт велат дека доказите укажуваат дека авионот на Азербејџан ерлајнс е можно да бил погоден со ракета земја-воздух над рускиот регион Чеченија, пред да го премине Каспиското Море и да се урне во близина на Актау, Казахстан, кога загинаа 38 од 67 патници и членови на екипажот.
Западните земји се мачеа да го запрат протокот на ограничена електроника, со двојна употреба, до Русија за употреба во нејзината војна против Украина. Податоците од царината покажуваат колку тоа и понатаму е тешко.
На 12.03.2018 година нешто пред 18 ч. во Москва, Александар Јонов, Русин со склоност кон прилагодени триделни костуми, испрати серија пораки на локалниот телефонски број во врска со донкихотските напори на државата Калифорнија да се отцепи од Соединетите држави.
Украинските сили презедоа контрола над најмалку 28 населени места во руската област Курск, откако напредуваа до 30 километри на седмиот ден од нивната ненадејна офанзива, соопштија руските власти.
Репортерите на РСЕ беа следени со дрон и испрашувани од полицијата откако се приближија до суперјахта вредна 700 милиони долари за која се верува дека е во сопственост на рускиот претседател Владимир Путин. Луксузната јахта „Шехерезада“ запленета од Италија во мај 2022 година.
Руски дипломат и наводен шпион протеран од ЕУ поради „незаконски и вознемирувачки дејствија“ ќе работи како набљудувач на изборите за претстојните парламентарни и локални избори во Србија, во рамки на мисијата на најголемото безбедносно тело во Европа, откри истражувањето на РСЕ.
Војниците од компанијата позната како Редут беа меѓу првите кои влегоа во Украина кога Русија ја започна својата голема инвазија на 24 февруари 2022 година. Но не е само таа.