Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља, во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ) изјави дека надлежните органи преку меѓународни партнери ќе бараат екстрадиција од Србија во Косово на „сите кои учествувале во планирањето и спроведувањето на терористички акции“ во Бањска.
САД се најголем финансиски донатор на Украина. Но, 18 месеци по почетокот на руската инвазија, анкетите покажуваат пад на поддршката за дополнителни средства. Републиканските претседателски кандидати минатата недела жестоко се судрија околу ова прашање.
На самитот во Вилнус се очекува лидерите на НАТО да потврдат дека ситуацијата на Косово е сериозна и дека мисијата на НАТО на Косово (КФОР) е таму за да ја гарантира безбедноста на сите граѓани, вели Милан Нич од Германскиот совет за надворешни односи
Владата на Косово треба да се повлече од напорите за назначување албански градоначалници во општините со српско мнозинство на северот на Косово, вели Чарлс Капчан, член на Американскиот совет за надворешни работи и професор на Универзитетот Џорџтаун.