Неодамна прашавме млади луѓе ,по случаен избор на скопските улици, колку ги познаваат политичарите во земјава? Им покажавме фотографии на политичари на телефон и повеќето од нив не знаеја за кого станува збор.
„Не, не незнам, не воопшто не
Не знам Не знам
Мехмед Тачи
Беким, нешто Касами
Стево Пендаровски
Министер за нешто
Министер за внатрешни работи
Не знам колку младите ја обожаваат Македонија. Доколку сакаат да останат во Македонија ова е нешто за што треба да бидат загрижени“
Ова го покажа нашата видео анкета, а го потврдуваат и истражувањата.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Можеби на некој начин ова е добро, но и не е ,бидејќи, ако не знаат како утре ќе решаваат за иднината на државата. Реално повеќе можеби ги интересира што се случува во светот, изборите во САД, спортот ги интересира, игрите... фудбалот...Да е ова Швајцарија би било разбирливо, таму политичарите не се ѕвезди, како кај нас. Но таму е се средено или е по средено од кај нас. Кај нас не сме дојдени на тоа ниво така да треба да се вклучени во процесите, ќе рече Џелал Незири, аналитичар, на прашањето зошто ретко кој млад човек во земјава ги знае политичарите на лик и по име?
Лошиот имиџ на политичари ги држи настрана младите од политиката.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Како и да е, загрижува е дека излезноста на гласачите е во опаѓање во сите демократии, посебно кај младите а во земјата тоа е уште подрастично.
Следната година треба да се одржат парламентарни и претседателски избори. Партиите се во постојана кампања, а од она што досега може да се види, слушне и прочита повторно не се тангираат вистинските проблеми, како на пример економија, сиромаштија, екологија, здравство, образование. Корупцијата, според сите релевантни истражувања и домашни и странски анализи е на највисоко ниво.
Од друга страна, перцепцијата на речиси целото општество е дека нема перспектива во земјата, а перспективата е најзначајна за младите. Kако го оценувате односот и дејствувањето на политичките партии кон овие проблеми.
Младите се заинтересирани за иднината а не минатото
Етничките теми се потешко минуваат кај младите и затоа партиите грешат ако сметаат дека младите ќе ги задржат во земјата со карти на големи држави, со отворање споменици, како примерот со отворањето Музеј или спомен куќа на УЧК со карта на Голема Албанија?
Младите живеат во сосема поинаков свет. Можеби партиите можат да влијаат кај нивните подмладоци, кај навивачките групи. Всушност имаме две различни реалности без меѓусебна комуникација.
Во воведот на Electoral Knowledge Network формиран од Обединетите Нации се наведува дека никогаш досега толку многу млади луѓе не биле вклучени во движењата за промени ширум светот. Тие излегуваат на улица и користат онлајн социјални мрежи и заедници за да се поврзат, да го изразат својот глас за промени. Тие протестираат против авторитарните режими, корупцијата и нееднаквостите. Тие се борат за одржлив развој и подобра иднина за сегашните и новите генерации. Но натаму се наведуваат и следниве глобални факти дека сепак, политичката застапеност на младите останува ограничена. И она што загрижува е дека излезноста на гласачите е во опаѓање во сите демократии, посебно кај младите.
Не гледаме подмладување Не гледаме нови млади ликови во партиите носители на политички процеси проекти да нудат креативен начин. А без таа креативност на партиите младите нема да се поистоветуваат со партиите ни со политиката. Тие живеат во друг свет. Нивниот начин на изразување е поинаков и без надминување на јазот меѓу младите и постарите нема успех, заклучува Џелал Незири.
Слушајте не, следете те го поткастот Зошто на Слободна Европа и на Спотифај, Јутјуб, Ејпл и Гугл подкаст. Кликнете на Зошто и давајте ни идеи и теми кои сакате да ги слушате, а ние ќе прашуваме преку нашите социјалните мрежи.