„Мислам дека секое облекување, секој начин на облекување, сепак, доаѓа со возраста и главно мислам дека не е премногу. Затоа што не се толку разголени или пак не покажуваат толку многу. Само битно е да се биде пристоен и не е толку страшно“, вели Петар Тодоровски ученик на скопската гимназија Орце Николов.
Неговата соученичка Илина Трајкова се согласува дека станува збор за експресија на младите „
„Па не би кажала дека е толку провокативно, колку што е ,на накој начин, експресија на самите нас, така што сепак тоа зависи од ситуацијата и така се облекуваат младите“, додава Илина Трајковска.
Вака ,драги мои, Петар Тодоровски и Илина Трајковска ученици во гимназијата Орце Николов во Скопје ги коментираат забелешките за модата на младите, односно за вкусот или невкусот на „дотерувањето“ на младите за на училиште или за одредени настани или манифестации, кафулиња, журки.
Илина и Петар ни кажаа дека во нивната гимназија од оваа учебна година вовеле правила за облекување, таканаречен дрес код. Отидовме до Орце Николов и го прашавме директорот на гимназијата Митко Димовски – Зошто?
Тој вели дека идејата е либерална. Не мора кецели како во минатото туку да се носат маички во бои и блузони во боите на училиштата. Идејата на наставниот совет била да се препознаваат како ученици на училиштето. Младите сакаат да бидат „ин“, вели директорот на Орце Николов. Некои од нив сакаа да носат пократки маички што не секогаш невкусно изгледа а овој дрес код да бидат исти да нема модни марки да бидат исти Плус се тоа ова вели дека е позитивен аспект и врз безбедноста, потсетувајќи на лажните дојави на бомби, а сега, вели тој, ако некој влезе лесно е препознатлив.
„Добро е да се воведе вакво нешто особено и ако знаеме што се случуваше во минатото со дојавите на бомби, инциденти и што може да се случи доколку некој влезе внатре, а не е униформиран“, вели Митко Димовски
Секоја генерација се соочувала со оние прекорни погледи од постарите, кога вртат глава кога во нивна близина ке поминеа млади, по слободно облечени, според нивните стандарди и коментари од типот „види бре како се разголеле децана“. Директорот Митко на ова вели:
„Па тука не би рекол дека го има тоа. Особено, можеби надвор од училиштето. Тоа се уште е присутно кај младите, а и тие реакции на постарите ги има, но генерално со воведувањето на дрес кодот тоа го нема во училиштето“.
Разговорот со директорот на Гимназијата Орце Николов Митко Димовски за модата на младите, за денешниот стил, вкусот или невкусот за на училиште или надвор од него слушајте во поткастот Зошто
Но едно е во училиште а друго е надвор од школскиот двор.
„Нормално дека ги среќаваме надвор од училиштето но тоа е индивидуално. Едноставно тука веќе се работи за вкус и за тоа колку од дома ќе им дозволат и како ќе се облечат. Генерално, во сите училишта би треба да постојат правила на облекување и на однесување, а надвор од училиштата не сме должни да налагаме кој како ќе се облече и тоа им оставаме на нивните родители. Но мислам дека тука има доста културни деца кои мислам дека знаат како треба соодветно да изгледаат“.
Слушајте не, следете те не. Ставете слушалки и побарајте го подкастот Зошто на Слободна Европа и Спотифај, Јутјуб, Ејпл и Гугл подкаст. Многу е едноставно. Кликнете на Зошто и давајте ни идеи и теми кои сакате да ги слушате, а ние ќе ве прашуваме преку нашите социјалните мрежи.