Конфузната сезона во Брисел започна на почетокот на оваа година, кога претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел на 7 јануари најави дека ќе се кандидира на изборите за Европскиот парламент во јуни. Иако ЕУ е секогаш преокупирана со високите институционални позиции во изборна година, објавата ќе поттикне трка за позициите меѓу кандидатите и земјите-членки и најверојатно токму тоа ќе доминира во вестите од Брисел во наредните месеци.
А заканата (иако е малку веројатна) дека унгарскиот премиер Виктор Орбан ќе има клучна улога во тоа, додаде „зачин на супата“. Затоа, во следните шест месеци, заборавете на обидите на ЕУ да има големо влијание во војните во Украина или на Блискиот Исток, бидејќи европскиот блок сега ќе се бори со многу различни предизвици.
Пред сè, најголемата грижа на сите нив на самиот старт е што Виктор Орбан ќе претседава со Европскиот Совет од 1 јули. Тоа може да се случи затоа што, според правилата на ЕУ, доколку нема постојан претседател на Европскиот Совет, што е моментална работа на Мишел, земјата која има ротирачко шестмесечно претседателство ги презема неговите функции. Унгарија е таа која ќе го добие ротирачкото претседателство во втората половина од годинава.
За многумина, застрашувачка е самата помисла да биде тука унгарскиот премиер, вклучен во неколку спорови за владеењето на правото со европскиот блок, на кого му беа замрзнати голем дел од фондовите на ЕУ поради тие грижи и кој во многу наврати претставуваше закана за Унијата, особено во однос на санкциите против Русија.
Сè уште може да биде добра работа затоа што има уште време да се реши она што беше споменато пред втората половина од годината. А кога ќе го погледнете календарот и регулативите на ЕУ, тоа изгледа сосема можно. Всушност, изворите со кои разговарав се мирни и даваат нула проценти шанса да се случи „унгарското сценарио“.
Поглед на датумите
Изборите за Европскиот Парламент ќе се одржат од 6 до 9 јуни во 27-те земји-членки на блокот. Ако Мишел биде избран во парламентот, што веројатно се должи на неговата позиција во Белгија каде што беше премиер пред неговата кариера во ЕУ, тој ќе положи заклетва како европратеник на првата пленарна седница на 16-19 јули годинава.
Сепак, пред тоа тој прво ќе претседава со два клучни постизборни самити на ЕУ во Брисел: едниот на 17 јуни, а потоа повторно на 27 и 28 јуни. На овие две средби премиерите и претседателите на земјите членки на Европската Унија ќе се соберат и ќе одлучуваат не само за наследникот на Мишел, туку и за претседателот на Европската Комисија, како и за високиот претставник на ЕУ за надворешна политика.
Видете и ова: Дали парите ќе го „смират“ Орбан?За таа тројка позиции се земаат предвид секакви параметри. Мора да има родова рамнотежа и рамнотежа на политичките определби (обично десниот центар, левиот центар и либералните), при што партијата што ќе заврши на првото место на изборите за Европскиот Парламент обично добива шанса да го назначи претседателот на Комисијата.
Потоа, треба да има и добра географска распределба, што значи дека позициите ќе бидат споделени меѓу луѓето од северниот, јужниот, западниот и источниот дел на ЕУ. Тој последен балансирачки чин е најтешко да се постигне. Последен пат, во 2019 година, кога Мишел беше избран на челната позиција на Комисијата заедно со Германката Урсула фон дер Лајен, а Шпанецот Жосеп Борел, беше избран на највисоката надворешно-политичка функција, ниту еден од „истокот“ не доби ништо.
Сепак, овој пат уште една позиција ќе биде достапна. Имено, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во октомври ја напушта функцијата по една деценија на чело на Северноатлантската алијанса.
Неговиот наследник треба да биде познат најдоцна до самитот на НАТО во Вашингтон на 9 и 11 јули. Така, додека врвните позиции во ЕУ и НАТО не се официјално поврзани, тие се дел од истата политичка загатка во смисла дека постои огромно преклопување во членството на двете организации и затоа некои кандидати ги разгледуваат сите позиции.
Она што ова секако значи е дека нема да видите ниту една земја да добива врвни позиции и во ЕУ и во НАТО и дека можеби е полесно да се постигне договор за рамномерна географска распределба.
Што велат правилата?
Изборот на првите три места во ЕУ се врши со гласање со квалификувано мнозинство, што значи 55 отсто од земјите-членки на ЕУ кои сочинуваат 65 отсто од целокупното население на Унијата. Тоа значи дека Орбан не може да користи вето во процесот, како што неодамна направи за да ја блокира финансиската помош на ЕУ за Украина. Тој се противеше и Фон дер Лајен да се вработи во Комисијата пред пет години, но безуспешно.
Видете и ова: Пет избори кои ќе го обликуваат светскиот поредок во 2024 годинаВообичаено, новиот претседател на Советот ја презема функцијата на крајот на годината – мандатот на Мишел, на пример, ќе трае до 30 ноември. Значи, дали тој потенцијален вакуум помеѓу неговите евентуални избори во јуни и почетокот на неговиот мандат кон крајот на есента ќе му дозволи на Орбан да направи одредена штета во меѓувреме? Повторно, не!
Новиот претседател може да го започне мандатот веќе на лето доколку дојде до промена на правилата. И тоа може да се промени со просто мнозинство. Затоа и тука нема можност за вето.
Сето тоа значи дека преговорите ќе почнат сега, а официјалните и неофицијалните кандидати ќе влезат во рингот порано од предвиденото. Ова веројатно ќе ја принуди Урсула фон дер Лајен наскоро да се изјасни дали ќе се кандидира за реизбор или дали можеби размислува за позиција во НАТО, имајќи предвид дека и се восхитуваат од другата страна на Атлантикот и дека организацијата, наводно, сака да ја има првата жена на чело.
Профилирајќи се како главен кандидат на либералниот блок, Шарл Мишел веројатно нема да биде задоволен со тоа што е европратеник. Дали на крајот би можел да го наследи Борел и да стане надворешно-политичко лице на Брисел? Или ќе видиме сосема поинаков состав на лето?
На почетокот на 2019 година малкумина се обложија дека на главната позиција во Комисијата ќе биде Фон дер Лајен, во тоа време германски министер за одбрана.
Така, лидерите на блокот ќе мора да ја решат таа загатка порано од очекуваното и ќе има многу повредени ега сега во процесот, но тие сè уште имаат многу време да го направат она што го прават најдобро: да најдат компромиси под временски притисок.
Единствената штета е што ќе имаат малку време да се фокусираат на други, геополитички гледано, горливи прашања околу нив.