Достапни линкови

Вкочанетоста на ЕУ пред врската Будимпешта - Москва


Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто
Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто

Колку минути пладневниот брифинг се осврна на прашањето за патувањето на унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто во Москва? Нула минути

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто не можеше да избере подобар датум за посета на Москва, веднаш по долгиот викенд на католичкиот Велигден и контроверзното патување на францускиот претседател Емануел Макрон во Пекинг.

Ако за нешто се зборуваше во јавноста, тоа беше за забелешките на францускиот претседател за неколку медиуми во пресрет на минатонеделната посета на Пекинг во која се чинеше дека тој се огради од какви било потенцијални европски одговорности или должности во случај да дојде до конфликт помеѓу Кина и Пекинг, истакнувајќи дека е важно да не бидеме „фатени во кризи кои не се наши“.

На дневниот пладневен брифинг на Европската комисија, новинарите го „бомбардираа“ портпаролот со прашања за коментарите. Дали Макрон зборуваше во име на Европа? Што мисли за целата работа претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која го придружуваше на Далечниот Исток? Дали ЕУ има обединет став за Тајван? Четириесет минути прашањата беа делумно одговорени.

Колку минути пладневниот брифинг се осврна на прашањето за патувањето на унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто во Москва? Нула.

Луѓето во Брисел се повеќе „се незаинтересирани“ за Унгарија?

Се разбира, можете да тврдите дека патувањето на францускиот претседател во Кина и неговите последователни коментари налагаат многу поголемо испитување од излетот на унгарскиот министер за надворешни работи во Русија. Но, вистината е дека недостигот на интерес покажува дека луѓето во Брисел се повеќе „се незаинтересирани“ за Унгарија.

Кога ги прашав дипломатите наоколу за несекојдневни коментари за ова прашање, никој навистина не се осврна премногу за тоа. Официјален претставник од источна земја-членка истакна дека „тоа е многу тажна вест, но тие го избраа својот пат“. Друг уште “покисело” одговори „дека тоа не е прво и за жал не последно патување таму“, додека дипломат од западна земја-членка отворено призна дека оваа вест не ја ни забележал, но ја оправда неговата неинформираност со забелешката дека „ Сите донекаде станавме вкочанети од сите примери кога Будимпешта се приближи до Москва“.

Унгарија не извести никого во Брисел за ова патување; тоа е билатерално прашање и надворешната политика сè уште е многу љубоморно чувана надлежност на одделни земји-членки на ЕУ. Луѓето забележуваат дека слична приказна беше и со неговото патување во Белорусија во февруари. Официјален претставник на ЕУ призна дека би било „пријатно“ да се информира пред патувањето, но дека тоа е далеку од обврска и дека треба да се испрати информативна белешка до другите земји-членки на ЕУ по посетата.

Освен зголемената изолација и намалувањето на значењето на Унгарија во главниот град на ЕУ, таа отсликува и три поголеми теми овде. Прво, недостатокот на реакција на ЕУ не само кога станува збор за надворешната политика, туку и за прашања поврзани со енергијата; второ, намалениот опсег за позначајни санкции на ЕУ кон Русија и трето недостатокот на вистински и моментален потег кога станува збор за неодамнешната потерница на Меѓународниот кривичен суд (МКС) против рускиот претседател Владимир Путин.

Главен расипувач

Од целосната инвазија на Украина во февруари минатата година, Будимпешта стана уште понепропустлива во круговите на ЕУ. Со години имаше судири со Брисел поради различни прашања за владеењето на правото, но секогаш беше заштитена од Полска која беше заглавена во слични контроверзии. Сепак, рускиот напад ги стави двете земји на различен пат.

ЕУ донекаде успеа да го надмине опструкцискиот став на Унгарија кон Русија и Украина. Но, на парите за оружје не им требаше одобрение од Унгарија, повеќе пари од ЕУ за срушената економија на Киев успеаа да поминат преку Будимпешта преку тргување со коњи и имаше единство околу различните префрлања на санкции.

Но, сето тоа не беше едноставно. Додека многу земји-членки на ЕУ во текот на минатата година успеаја да ги намалат десетте пакети санкции на ЕУ, нема сомнеж дека Унгарија беше главниот расипувач. Успеа да обезбеди континуиран проток на руски гас во Унгарија, успеа да ја задржи руската нуклеарна енергија надвор од масата и да изврши притисок за разни отстапувања кога станува збор за руската нафта, користејќи го потенцијалното вето за да се закани дека ќе го попречи целиот процес.

Вистината е дека на последниот пакет рестриктивни мерки што Брисел ги наметна на Кремљ, недостигаше тоа што Будимпешта посочи дека нема да даде зелено светло за повеќе енергетски санкции. Треба да се напомене дека ограничувањето на цената на руската нафта е постигнато на 60 долари за барел. Дури и неодамна објавениот документ за дискусија, напишан од Полска и трите балтички земји, во кој се сугерира санкционирање на рускиот нуклеарен гигант Росатом, наведе посебно отстапување за Будимпешта и нејзината нуклеарна централа Пакс, чиешто проширување го финансира Русија.

Но, енергетското прашање е релевантно. Не е случајно тоа што Сијарто отиде да се сретне со рускиот вицепремиер за енергетика Александар Новак и со Алексеј Лихачев, главниот извршен директор на Росатом. ЕУ можеби ја преживеа зимата без прекин на електричната енергија, но претставниците на ЕУ предупредуваат дека претстојната зима е клучна. Постои страв дека цените на енергијата повторно ќе се зголемат и може да станат вистинско политичко прашање во многу земји во наредните месеци. Така, малкумина сакаат да одберат повеќе непријатни ситуации со Будимпешта, Москва или гневните електорати понатаму.

Сијарто ќе избегне да се сретне со Путин, но...

Патувањето на Сијарто во Москва, исто така, дополнително нагласува дека налогот на Меѓународниот кривичен суд засега е само симболична работа. Тој ќе избегне да се сретне со Путин додека е таму, што е значајно, но на ниту еден начин очигледно не го одврати од заминување. Иако рускиот претседател може да биде ограничен во неговите патувања, налогот очигледно не одложи некои да одат во руската престолнина. Тестот може да дојде доколку унгарскиот премиер Виктор Орбан одлучи да го посети Кремљ, но засега има поинакви индикации дека тој подготвува долгоочекувано патување во Киев во смел обид да покаже дека Украина сè уште е важна за Будимпешта.

А во меѓувреме, ЕУ ќе продолжи да ја игнорира својата земја-членка. Не може да ја исфрли или санкционира. Наместо тоа, продолжува да спречува некои значителни пари од буџетот на ЕУ да се упатат кон Будимпешта. Будимпешта можеби е црна овца, но сепак е семејство. И како таква секогаш има пат назад.

XS
SM
MD
LG