Што ни покажаа Молдавија и Грузија за отпорот против руското влијание?

Илан Шор, поранешен олигарх во бегство, кој се обиде да влијае на изборите во Молдавија

Резултатите од изборите во Молдавија и Грузија ги истакнуваат различните начини на кои нивните влади и граѓанското општество се спротиставија на руското мешање и другите криминални елементи во клучните моменти за двете земји.

Гласовите од претседателските избори и референдумот за уставот на ЕУ во Молдавија и парламентарните избори во Грузија го истакнаа потенцијалот за драматично пренасочување на геополитичката ориентација на двете поранешни советски републики или за зацврстување на нивните сегашни позиции, во услови на се поголеми предизвици за двете земји во аспирациите за понатамошна интеграција во ЕУ.

Значи, и победниците и губитниците се важни. Но, некои од поранешните лекции сугерираат дека гласовите можат да придонесат за продолжување на оваа „игра“ во други контроверзни општества вклучително и позрелите демократии, како и други земји на периферијата на Русија.

Рани предупердувања против руското влијание

Молдавските власти со месеци предупредуваа на закани од Русија кои вклучуваа дезинформации и овозможување на милиони незаконски плаќања за неформална мрежа на организатори против ЕУ.

Аналитичар кој разговараше со молдавските власти во пресрет на гласањето ги цитираше нивните зборови: „Можеме да ги следиме парите“. И иако не можеа да го спречат протокот на готовина од Русија, тие тоа го забележаа и јавно го идентификуваа каков што е.

Грузија даде поразлична лекција. Премиерот Иракли Кобахиџе уште минатата недела инсистираше на тоа дека „Русија нема влијание во Грузија“. Проруски настроената владејачка партија Грузиски сон, се обиде да го балансира проблемот пред руската јавност и ги окарактеризира изборите како избор меѓу „војна“ и „мир“.

Како резултат на тоа, дури и кога претседателката Саломе Зурабишвили предупредуваше за руското мешање, јавноста не се спротивстави на економската моќ на Москва и мобилизацијата на проруските влијателни лица и медиуми.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Поддржувачите на грузиската опозиција масовно на улиците на Тбилиси

Грузијците и групите на граѓанското општество беа поттикнати од мирните битки против законот за „странски агенти“, популарно познат како „руски закон“ и новите ограничувања на ЛГБТ заедницата, но експертите за Радио Слободна Европа изјавија дека подготовките во форма на „аларм“ и „градење на коалицијата“ всушност започнала многу месеци порано.

Интегритетот и транспарентноста се клучни

Молдавските власти тргнаа во офанзива за да го заштитат интегритетот на своите избори, зајакнувајќи ги институциите и барајќи да ги затворат нелегалните извори на потенцијално насилни немири. Тие, исто така, ги одбранија сајбер нападите и фалсификати и јавно се соочија со она што го сметаа за лажни наративи.

„Тие направија добра работа бранејќи се од тоа“, вели Шелби Магид од Центарот за Евроазија на Атлантскиот совет.

Функционерите на грузиската владејачка партија изгледаа помалку преокупирани со обвинувањата за неправилности во гласањето.

Грузиските јавни групи и граѓанското општество беа оставени да ги преземат работите. Десетина години од политичката доминација на Грузиски сон, таквите независни (и опозициски) групи пред гласањето сугерираа дека се подобро подготвени отколку во минатото. Тоа се покажа во процесите како што се долгорочно набљудување на процедурите, меѓународна соработка и „жешки“ линии за пријавување прекршоци.

„Кажете слободно, тие го правеа тоа“, вели Магид.

Справување со олигарсите

Во Молдавија, официјалните лица го поминаа поголемиот дел од две години борејќи се со влијанието на Илан Шор, поранешен олигарх во бегство, осуден за масовна измама, кој навидум е решен да го насочи курсот на земјата кон Русија. Откако ја забрани неговата партија минатата година, Владата го продолжи притисокот со јавни предупредувања и ја повика наводната мултимилионска мрежа Шор да организира противење на патот кон ЕУ, меѓу другото.

„Тоа не е само еден проблем, тоа е повеќе како игра во која се обидувате да спречите нешто што континуирано се случува...вие всушност не се ослободувате само од Шор“, рече Магид.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Молдавскиот град каде што 95 проценти жители ѝ кажаа „не“ на ЕУ

Во Грузија, главниот проблем е Бидзина Иванишвили, милијардерот и основач на Грузиски сон кој своето богатство го направи во Русија. Тој предизвик беше помалку црно-бел.

Изгледа дека Иванишвили „се грижи за себе и има свој антидемократски начин на размислување што повеќе се усогласува со Русија“, вели Магид, додавајќи дека тие цели „некогаш одат рака под рака, а понекогаш не.

Не ја заборавајте дијаспората

Малата разлика на уставниот референдум на ЕУ и нееднаквоста во перспективите на истокот и западот на Кишињев го нагласуваат значењето на дијаспората во гласовите на Молдавија.

Молдавските власти користеа различни канали за да поттикнат чувство на итност и последица за да ги мобилизираат молдавските гласачи во странство, особено на Запад, вклучително и преку социјалните медиуми, културните активности и зголемените места за гласање.

„Мора да го имаш она чувство во себе дека твојот глас е важен, и таа информација мора да стигне до тебе“, рече Магид.

Видете и ова: Со бесплатни патувања Русија ја „купува“ љубовта на младите Молдавци

Во Грузија, чии иселеници што ги исполнуваат условите се прилично концентрирани на Запад, владините функционери изгледаа помалку заинтересирани за глас од дијаспората.

Лесно е да се види зошто: Грузиски сон собра само 15 отсто поддршка кај емигрантските гласачи.

Меѓутоа, со безнадежно распарчена опозиција и многу алтернативи на Грузиски сон на гласачкото ливче, тоа не се преточи во јасен мандат на друго место.