Што ќе донесе одлуката од Хаг?

Членовите на македонската делегација

Експертите поделени - одлуката од Хаг ќе се искористи за одложување на решение за името, односно нема да промени ништо битно.
Македонија е во право, но е многу тешко да се прогнозира одлуката на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, по тужбата на Македонија против Грција за прекршување на Времената спогодба со тоа што спречи зачленување на Македонија во НАТО на Самитот во Букурешт во 2008 година, согласни се познавачите на меѓународните односи со кои разговаравме. Мислењата, пак, за тоа како одлуката на судот ќе влијае врз решавањето на спорот за името се поделени.
Нормално дека тие секогаш фигурираат во размисувањата на судиите, тоа се изнијансирани одлуки кои што ја земаат предвид политичката констелација на моментот. Невозможно е да се одземе тој момент од одлучувањето на Меѓународниот суд на правдата и тоа е нешто што претпоставувам македонските власти го зедоа предвид кога одлучија да ја покренат тужбата.

Специјалистот на полето на меѓународните спорови, кој магистрирал на светски познатите универзитети Харвард и Оксфорд, Илија Митрев Пенушлиски вели дека се чини оти македонски аргументи се посилни од грчките, но не може да се предвиди одлуката на Судот. Во однос на стравувањата од политичка одлука на Меѓународниот суд, Митрев Пенушлиски вели дека, со оглед на својата позиција, Судот секогаш е обременет од политички прашања.

„И нормално дека тие секогаш фигурираат во размисувањата на судиите, тоа се изнијансирани одлуки кои што ја земаат предвид политичката констелација на моментот. Невозможно е да се одземе тој момент од одлучувањето на Меѓународниот суд на правдата и тоа е нешто што претпоставувам македонските власти го зедоа предвид кога одлучија да ја покренат тужбата.“

Поранешниот министер за надворешни работи и професор по меѓународно право и меѓународни односи Љубомир Фрчкоски вели дека е нормално да се надеваме на што е можно попозитивен исход од процесот во Хаг. Тој се согласува дека и покрај тоа што Македонија е во право, тешко е да се предвиди исходот од судскиот процес. Сепак, нагласува Фрчкоски, каква и да биде одлуката на Судот, таа ќе биде искористена да се одолговлечи решавањето на спорот за името.

Од расправата во Меѓународниот суд на правдата во Хаг

„Позитивната ќе биде нормално еуфорија - ’ако треба корења ќе јадеме, тоа нема да го решаваме‘, ќе чекаме да не примат под ФИРОМ во НАТО итн., а негативната ќе не ’закопа‘. Ќе бидат лути и ќе тераат инает како што тераат инает после Букурешт.“

Долгогодишниот амбасадор Ристо Никовски посочува дека Меѓународниот суд на правдата, како и сите судови, во одредена мерка е
Позитивната ќе биде нормално еуфорија, ’ќе јадеме корени‘, тоа нема да го решаваме, ќе чекаме да не примат под ФИРОМ во НАТО итн., а негативната ќе не ’закопа‘, ќе бидат лути и ќе тераат инает.
политизиран и дека и одлуката што ќе ја донесе ќе биде резултат на таа политичка зависност. Се плашам дека одлуката ќе биде таква што двете страни ќе може да ја толкуваат во своја корист, но каква и да биде, нема значително да влијае на спорот за името, вели Никовски.

„Да претпоставиме дека таа ќе биде нагласена во наша корист, мислам дека тоа ќе ја зајакне нашата позиција меѓутоа суштински нема многу да промени, бидејќи никој нема обврска да ја спроведе таа одлука. Грците ќе ја игнорираат, а Советот за безбедност, бидете уверени, нема да преземе чекори кои ќе бидат на штета на Грција. Од друга страна, ако биде повеќе на страна на Грција, нашата позиција ќе биде на одреден начин минимизирана, ќе биде погодена, меѓутоа повторно тоа ништо нема да значи бидејќи нашата позиција е лоша.“

Македонскиот амбасадор во Холандија Никола Димитров на денешнота расправа рече дека ако Судот донесе пресуда во корист на Македонија, двете страни ќе го имаат истиот товар и поттик да продолжат со преговорите за да ги надминат разликите околу името.

Судскиот процес во Хаг е тема и во нашата рубрика Хајд Парк.

Каква одлука очекувате од судскиот процес во Хашкиот суд на правдата на тужбата на Македонија против Грција? Пoгледнете ја анкетата и коментирајте овде.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Хајд Парк