Се е под контрола - сузуки, бузуки и јаша илери - вие коментирате

Герила акција за држење растојание поради корона

На ФБ за короната: „Ало, лажни тестови имате или намерно го правите ова, каква држава е ова, од 2 милиона ќе праите 3 милиони заразени“. „Па ако си негативен, денес-утре или за неколку дена може да си позитивен“

Објавата дека во детската градинка „Павлина Велјанова“ во Кочани има деветмина позитивни на корона вирусот повторно ги предизвикало оние што не веруваат дека вирусот е тука да реагираат со коментари на нашата веб страница. Исни Салиу се чуди: „Не покажувале симптоми, а биле заразени со Ковид-19!!! Ало, лажни тестови имате или намерно го праите ова, каква држава е ова, од 2 милиона ќе праите 3 милиони заразени“. Горан Ордев, пак, му возвраќа: „Исни Салиу, изгледа намерно болни без симптоми од смртоносен вирус 90% се излечија дома, Господ нека ни е на помош од ненормални политичари“. Александар Говрик го подучува: „Па ако си негативен, денес-утре или за неколку дена може да си позитивен“.

Видете и ова: Дали ќе бидат воведени нови рестриктивни мерки?

Дел од граѓаните продолжуваат да реагираат на долгиот полициски час во Скопје и уште во некои градови и на информациите дека се разгледуваат следните чекори заради зголемениот број новозаразени: „Сѐ е под контрола“ – иронизира Ана Мравчето, а Дамен Карачи коментирал: „Брее, тешки чекори: 700 милиони кредитче, уште глуп народ да ги гласа...“ И Ефтим Ајтарски порачува до надлежните: „... Кој полициски час, беее, алооо, трева пасат луѓето веќе и тие што работиме нека нѐ стават пак заради други неспoсобни суштества“.

Али Ахмети најави дека е дојдено време Албанец да биде премиер, а Зоран Заев порача дека „доколку ДУИ има ваков услов за коалиција за Влада, тогаш нема да биде дел од идната Влада“.

Видете и ова: Али Ахмети продолжува со кампањата за Албанец премиер

Стевче Стојаноски заклучува: „Овој скроз забега“, а Јонче Солтиров вели: „Човек кој формира влада и растура влада - можно е и ова да се случи“. Но за Санде Трпезаноски „Зоран Заев зборува, се врти и за секунда, пу-пу не важи, најде кој да зборува... “ Виктор Поповски коментира: „Е затоа нема луѓе да излезат на избори“. Но, Никола Драгана Георгиеви со објаснување што е политиката на Ахмети и на Заев: „Овој као провоцира, а другиот као патриот пред избори изиграва...манипулација на луѓето, ама нема ни Албанец, ни Заев, ни Мицко, Јанко Бачев ќе ве тресе годинава....“

И пак некои си го бараат Путин, како Бисерка Молеровиќ, која смета дека „Путин треба да дојде во Македонија. Друго чаре нема“. И потоа одговор од Ремзи Нухиу: „Бисерка, пуста желба неостварлива. НАТО е меѓу нама, ти и Путин можете само во Карпатите“. Александар Гакидов се потсмева: „Што прави карантин и огледало. Све одлепило до даска“.

Видете и ова: На грчките плажи од денеска дозволена музика и алкохол

Владе Ѓоргиески се радува на вестите дека на грчките плажи веќе била дозволена музика и алкохол, па извикува: „Сузуки бузуки јаша илерии!“ И Ѓоле Лјапе Дејановиќ со слична реакција: „Тоооо“, ама Марија Маца Периќ го потсетува: „Ѓоле, тоо, ама непожелни станавме“. Рикардо Ричие ја обвинува власта за тоа, дека била „неспособна“, како што вели и изгледа му се гледа дека „цел Балкан се опоравил“, само ние сме отишле „бестрага“. Анита Сека Петрушевска го потсетува: „Не е до власта, до народот е кој не почитува ништо, власта изгледа требаше да земе стап и како во Индија, друго на културен начин не може“.