Глобус - Рекет е последица на акција за да се запре евроатлантскиот пат
Oнлајн неделникот Глобус со бомбастичен материјал: „’Рекет‘ е последица на сеопфатна, планирана, координирана темелна и вешто подготвена разузнавачка акција на надворешни и внатрешни фактори со цел запирање на евроатлантскиот пат на земјата“ – ја пренесува анализата на Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии, ИФИМЕС од Љубљана за политичката ситуација на Косово – Албанија – Северна Македонија во 2019 година.
Видете и ова: Русија преку Македонија ќе ги брани Украина и Грузија од НАТО
Фокус - „Цајканска логика“ - Кој се сликал со Боки 13, тој е рекетар
Авторот на уводникот во Фокус користи еден виц за да ја покаже бесмисленоста на домашната кујна на смислување и лепење етикети особено на луѓето од политиката и политичките неистомисленици. „Полицаецот“, почнува Фокус, „задоволен од часот по логика го прашува колегата: ’Имаш ли аквариум?‘, и по едно кусо НЕ, „логично“ заклучил: ’Значи, ти си пе.ер!‘“ Па искрено кажува дека на „цајканската логика“ од вицот му наликуваат сите шашми што се шиткаат низ социјалните мрежи, чија поента е: кој се сликал со Боки 13, тој е рекетар!
Капитал – Кој ќе го плати покачувањето на платите?
Последниот летен двоброј на Капитал ја анализира темата: „Минималната плата расте за над 12 отсто во услови на економски раст од 3,5 проценти и намалена продуктивност“ загатнувајќи: „Кој ќе го плати покачувањето на платите?“ Неделникот потсетува дека две години по последното зголемување на минималната плата за 15 проценти, на 12.500 денари, власта и синдикатите преговараат за ново зголемување на минималната плата за уште 12 отсто. Капитал наведува дека со годинашен планиран раст од 3,5 проценти на економијата, продуктивноста - главниот принцип кој треба да се има предвид при зголемување на трошоците за плати – се намалува или стагнира. „И додека работниците чекаат повисоки плати, економистите предупредуваат на предизвиците со кои ќе се соочи македонската економија заради пребрзото зголемување на трошоците за работна сила, како и заради сè помасовното иселување од земјата“ – сигнализира во анализата Капитал.