Опасностите од преселувањето на амбасадата на САД во Ерусалим

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Загриженост за планот на Трамп во врска со Ерсуалим

Контроверзниот план на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим како главен град на Израел и да ја премести амбасадата на САД од Тел Авив предизвика загриженост во светот. Ваквата одлука, според оценките, би можело да предизвика насилства на Блискиот Исток.

Ваквите потези се во спротивност со долгогодишната политика на Соединетите Држави дека означувањето на овој град треба да биде договорено меѓу Израел и Палестинците.

Претседателот Трамп за ова веќе информирал во телефонски разговор неколкумина лидери на Блискиот Исток, вклучувајќи го и палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Од кабинетот на Абас, пак, велат дека таквата одлука би претставувала ризик за мировниот процес на Блискиот Исток. Портпаролот Набил Абу Рдаина вели:

„Ако американската амбасада биде преместена во Ерусалим, тоа ќе биде против меѓународното право и неприфатливо од наша страна. Доколку тоа се случи, тоа ќе ги усложни работите. Тоа ќе биде пречка за мировниот процес, можеби тоа ќе биде крај на мировниот процес“, вели тој.

И другите арапски лидери го осудија планот, стравувајќи дека одлуката на Трамп ќе го обнови насилството во регионот.

Турски претседател Реџеп Таип Еродган порача:

„Господин Трамп, Ерусалим е црвената линија за муслиманите“, рече Ердоган.

Ерусалим се смета за свето место за трите главни светски религии: јудаизмот, христијанството и исламот, а меѓународната заедница долго време го смета за неутрален.

Противење на потезите во врска со Ерсуалим изразија и генералниот секертар на Обединетите нации Антонио Гутереш, како и шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини.

Трамп, исто така, се соочува со отпор во рамките на Стејт департментот.

Според двајцата официјални претставници на САД кои зборуваа под услов на анонимност, вработените стравуваат дека овој потег би можел да предизвика ново насилство против Израел и американските интереси во регионот.

Високи американски официјални претставници изјавија дека преселбата на амбасадата би можело да биде одложена шест месеци, но оти процесот најверојатно ќе биде ставен во движење и би траел три до четири години.