Достапни линкови

И Израел го чека Трамп


Нетанајаху го критикува Кери
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:28 0:00

Нетанајаху го критикува Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери предупреди дека иднината на две држави како решение на конфликтот на Блискиот Исток е во опасност. Ова предизвика остра критика од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кој говорот на Кери го оцени како неизбалансиран.

Кери изјави дека Соединетите Држави не можат да молчат во момент кога насилството и изградбата на израелски населби го поткопуваат мирот на Блсикиот Исток.

Во говорот, само неколку недели пред заминувањето на администрацијата на Барак Обама од Белата куќа, тој изјави дека Израел нигогаш немал вистински мир со арапскиот свет.

„И покрај нашите најдобри напори во изминативе години, решението две држави сега е во сериозна опасност“, рече Кери.

Според него, насилството, тероризмот, градењето населби ги уништуваат надежите за мир на двете страни.

Кери исто така го осуди и палестинското насислтво, наведувајќи дека само во оваа година се случиле стотици терористички напади.

Од средбата на американскиот државен секретар Џон Кери со ирзарлескиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Рим, јуни 2016.
Од средбата на американскиот државен секретар Џон Кери со ирзарлескиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Рим, јуни 2016.

Тој застана и во одбрана на американската одлука да не стави вето врз резолуцијата на Обединетите нации со која се бара запирање на градењето израелски населби на палестинските територии.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа го критикуваше американскиот државен секретар Џон Кери, наведувајќи дека тој ја „нападнал единствената демократија на Блискиот Исток“.

Нетанјаху, во телевизиското обраќање еден час по прошталниот говор на Кери во Стејт департментот, го изрази своето длабоко разочарување од Кери за говорот кој, како што рече, „беше речиси неизбалансиран како и антиизраелската резолуција што мина во ОН во минатата недела“.

„На Изралците не им требаат лекции за важноста на мирот од странски лидери. Израелската рака е подадена во мир до соседите од почетокот, уште од првиот ден. Ние се молиме за мир и работиме на тоа секој ден од тогаш“, рече тој.

Нетанјаху посочи дека Израел останува посветен на решавањето на разликите со палестинците преку директни преговори.

Аналитичарите оценуваат дека израелците очекуваат да имаат поповолен третман од новата администрација на Доналд Трамп.

Тој пак, преку Твитер во средата, меѓу другото, порача:

„Не можеме да продолжиме Израел да биде третиран со таков презир и непочитување. Тие беа голем пријател на САД, но не повеќе. Остани силен Израел. 20 јанаури брзо доаѓа“, напиша Трамп.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG