Илјадници бегалци од источно Алепо

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Цивили бегаат од источно Алепо

Цивилите почнаа да се евакуираат од источниот дел на Алепо до побезбедни локации откако сириската армија ја презеде контролата врз големи делови од градот. Обединетите нации побараа итен пристап до источно Алепо за да го надгледуваат напуштањето на цивилите и повелкувањето на бунтовниците.

Жители на Бустан ал Каср во источниот дел на Алепо во групи и со неопходни работи ги напуштаат нивните домови.

Некои од нив се собираат околу огнови за да се стоплат од студеното време.

Назал Мохамед од сириската армија вели дека се уште има многу цивили кои се останати во тој дел на градот:

„Обезбедуваме возила за пренесување на цивилите до местата од каде што ќе можат да продолжат сами“, вели тој.

Еден од бегалците Маџед Ураби се заблагодарува за помошта и моли:

„Господе заштити не, заштити ја земјата и заштити ги младите во неа“.

Ум Абдул Рахман е гневна и беспомошна на сето она што го преживува:

„Погледајте зошто доаѓаме. Погледајте зошто ние доаѓаме. Погледнете го неговото тело. Зошто доаѓаме? Затоа што сакаме да се ослободиме од нив. Гледајте што му направија на моето дете“, рече таа.

Доброволец на Цириската цивилна одбрана или Бели шлемови во источно Алепо вели дека 50 илјади жители се заглавени таму.

„Нашата загриженост е дека силите на Асад можеби ќе дојдат кај нас и ќе има голем масакр како што се случи вчера во Бустан ал Каср каде што повеќе од 82 лица беа убиени, вклучувајќи деца и жени“.

Обединетите нации синоќа повикаа да се овозможи моментален пристап до источниот дел на Алепо за да се потврдат наводите на Русија за прекин на воените операции и да се следи евакуацијата на цивилите, како и повлекувањето на опозициските борци.

Специјалниот пратеник на ОН за Сирија Стафан де Мистура по итната седница на Советот за безбедност изјави дека вооружени групи се уште држеле околу пет насто од источно Алепо.

Тој додаде дека ОН се загрижени за околу 50 илјади цивили за кои се верува дека се наоѓаат во тој дел на градот.

Мистура изрази загриженост дека провинцијата Илдиб би можело да биде идната цел на сириската војска.

Загубата на Алепо ќе ги остави бунтовниците без значително присуство во некој од поголемите градови во Сирија.

Сепак, тие се уште имаат под контрола територии западно од Алепо и во Илдиб.