Достапни линкови

ИД ги прегрупира силите во Сирија


Милитантите на ИД се прегрупираат во Сирија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:31 0:00

Милитантите на ИД се прегрупираат во Сирија

Повторното освојување на сирискиот стратегиски град Палмира од милитантите на ИД, според експертите, бил нивен обид за наоѓање ново засолниште на истокот на Сирија откако претпреле пораз во северниот дел на таа земја. Во меѓувреме, Русија и САД разменија меѓусебни обвинувања за падот на Палмира.

Палмира има значење за ИД бидејќи ги поврзува областите под контрола на терористичките групи во источната провинција Деир ал Зур со областите под нивна контрола во источниот дел од централната провинција Хомс.

Сирискиот политички аналитичар Сарикис Касаргијан вели дека на милитантите им е неопходно ново седиште.

милитанти на ИД во Палмира, 11.12.2016.
милитанти на ИД во Палмира, 11.12.2016.

„Ова може да изврши притисок врз владите на Русија и на Сирија, но јас не мислам дека тоа влијае директно, или се поврзува директно со линијата на фронтот во Алепо, бидејќи ситуацијата во Алепо е речиси завршена“.

Касаргијан смета дека падот на Палмира нема да ја запре офанзивата против оваа екстремистичката група.

„Стратегиски ако зборуваме за Палмира, мислам дека за сириската влада, главниот проблем сега се нафтените и полињата со гас таму, и како што рековме, историската вредност на Палмира“.

Како и да е, според Касаргијан, последните случувања покажаа дека оваа екстремистичка група се уште може да претставува закана во некои региони.

„Тие губат територии, но на друга страна тие ја концетрираат нивната сила. Вчера имаше извештаи дека околу 5.000 борци се префрлиле од Мосул за да се борат во Палмира. Значи, 5.000 борци е голема бројка за еден таков мал град како Палмира“.

Во меѓувреме,Русија и САД разменија обвинувања за падот на ова стратегиски важно место во Сирија во рацете на милитантите на ИД. Русија притоа го обвини Вашингтон дека немала доволно соработка со САД во борбата против милитантите.

Шефот на руската дипломатија Сергел Лавров во Белград изјави:

„Проблемот е едноставен. Велиме, имајќи ги предвид нашите претходни искуства, кога милитантите ја користеа секоја пауза за да се регрупираат и да добиваат засилување од странство и да го тероризаат мирното население уште пожестоко, да договориме какви коридори да бидат создадени. Ние можеме да се договориме за тоа со Американците многу брзо“.

Од друга страна, Пентагон оцени дека губењето на Палмира докажува дека Русија и Сирија никогаш за приоритет ја немале борбата против екстремистите на Исламската држава, туку главно сакале да ги поразат бунтовниците против режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Палмира се наоѓа во централниот дел на Сирија и во него има монументалнни урнатини на голем град што некогаш беше еден од најважните културни центри на античкиот свет.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG