Сите слават, народот збунет

Поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ прославуваат изборна победа по првичните резултати од парламентарните избори.

Нерешено, неизвесно до крај, падна режимот, кој победи? се само дел од многубројните коментари на текстовите и вестите на Радио Слободна Европа по изборите.

„Нерешено ќе биде... 50:50... падна режимот, тешко некоја од албанските партии да се приклучи на диктаторот повторно...готов е режимот...“ – ова го порачува Илија Петровски на Фејсбук страницата на РСЕ откако рано изутрината ДИК ги соопшти прелиминарните резултати од вчерашните вонредни парламентарни избори, но не излезе со бројка на освоени пратенички мандати за партиите, што го најави за денеска.

Па Славица Петрова постирала дека „Се чудат како да направат нешто“.СДСМ, исто така, рано изутрината соопшти дека според нивниот аналитички центар и тие и ВМРО-ДПМНЕ имаат освоено по 51 пратеник. Дони Дони реагирал со свое видување: „Нема шанси со криминали да прават влада“.

Обраќање на лидерот на СДСМ Зоран Заев пред Владата.

„Падна конечно режимот... Овој ден треба да се слави како најголем празник на поразот на најголемиот меѓу многуте душмани и џелати што владееле со Македонија“, напишала Крстеска Вања, а Јане Цанчевски ги цитира стиховите од Леб и Сол за Скопје: „Тоа е тоа, тоа е ова, тоа е сè... ама ќе нè биде. Сега специјален суд и сè по ред...“

Трајанов Драган се претставува како симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ,„ама ова не се ВМРО, ова се најголемите криминалци и затоа мора да си заминат што побрзо“. Многу постови го содржат прашањето кој победил, а Пеливанов Иле одговара на дилемите: „Да не ве чуди широка влада и за година време пак избори“. Атмир Сулејмани само постирал: „Победа Заев“. Потпишан трипати со Еко Еко Еко лаконски: „ВМРО слави, СДСМ слави, народот ЗБУНЕТ“. А Ема Еппс се плаши: „Ако нема промена, тешко нас“.

По изјавата на Ахмети дека ДУИ победила, ама Албанците изгубиле мандати затоа што се расцепкале на помали партии, Атик Абдија коментирал: „За жал, последниве години се определивте еден дел од ДУИ да ја водат криминалци. Народот знае да казни уцени, и казни“. Вера Србиноска директно му се обраќа на Ахмети: „Не изгубија Албанците, добија еднаква слобода како Македонците, а тоа ти и Грујо не можевте да да им го дадете“.