На сослушување во Специјалното обвинителство е повикан лидерот на ДУИ Али Ахмети во својство на сведок за предистражна постапка, но со оглед на тајноста на постапката нема да бидат соопштени повеќе детали, велат од Специјалното обвинителство за Радио Слободна Европа.
Факт е дека ваквите појави како притисок, како опструкции, што се прават за нејзината работа и околу нејзината работа, има за последица да се девалвира нејзината функција, а се со цел да се стопира покренување на конкретни постапки.Осман Кадриу, универзитетски професор
Во меѓувреме пак, има оркестрирани медиумски напади врз Специјалното јавно обвинителство кои укажуваат на страв кај власта за можни обвиненија, велат правните аналитичари.
Професор Осман Кадриу вели дека во пресрет на извештајот за работата на Специјалното обвинителство кој треба да биде презентиран до 15 март, може да се очекува и зголемување на опструкциите и негативните квалификации за работата на Јанева.
Тој додава дека тоа што Судот не ги прифати барањата за притвор во предистражната постапка за осомничените во „Титаник“, укажува дека е можно истото да го стори и за евентуално поведување на обвинителен акт. Кадриу објаснува дека против обвиненијата, одбраната и обвинетите може да поднесат приговори.
„И сега замислете ако се случи Кривичниот суд да ги прифати приговорите против обвиненијата и да констатира дека нема кривични дела и со тоа да се запре постапката, што ќе биде еден навистина голем хаос во правниот систем и атак врз правниот систем и правната држава“.
Кадриу се надева дека до тоа нема да дојде, но предупредува дека тоа е реален ризик да се случи.
Граѓаните кои ги анкетиравме за нашата рубрика Хајд Парк, велат дека се скептични во врска со правната разрешница што треба да ја понуди специјалното обвинителство.
„Нема да ја заврши, затоа што се фатени во хајка едните со другите партии.“
„Обвинителката е на Заев десна рака, да речам.“
„Со сите законски обврски што ги има би требало да ја заврши работата.“
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Кадриу вели дека ова што сега се случува, обвиненијата кон Јанева дека не ги познава прописите и дека работи незаконски упатува на заклучок дека власта има за цел да ја девалвира институцијата Специјално обвинителството.
„Факт е дека ваквите појави како притисок, како опструкции, што се прават за нејзината работа и околу нејзината работа, има за последица да се девалвира нејзината функција, а се со цел да се стопира покренување на конкретни постапки.“
Во поголем дел од медиумите се објавуваат исти наслови и текстови во кои се тврди дека лидерот на опозицијата Зоран Заев дал наредба за неаргументирани истраги, а за владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ најважни биле проектите за граѓаните.