Кривичниот Совет на Основниот суд Скопје 1 треба да се произнесе по жалбата на Специјалното јавно обвинителство за одбивањето на притворот предложен за четворица осомничени за изборни измами во случајот „Титаник“. Во Основниот суд Скопје 1 денеска пред судија на претходна постапка се појави и осомничениот И.Г осомничен дека го сторил кривичното дело „изборна измама“ од чл.165 в.в со чл.22 од Кривичниот законик.“
Имајќи превид каков состав на судии имаме и дека судството е политизирано, корумпирано и компромитирано не е чудо и Кривичниот совет да ја одбие жалбата на Специјалното јавно обвинителство, што значи дека тогаш одлуката на судијата поединец ќе остане на сила.Осман Кадриу, универзитетски професор.
Специјалното јавно обвинителство предводено од Катица Јанева жалбата ја поднесе во саботата пред истекот на законскиот рок. Доколку Советот кој го сочинуваат три судии ја прифати жалбата за изречување на мерка притвор осомничените имаат рок од 24 часа да да се жалат до повисока судска инстанца. Кривичниот суд во саботата соопшти дека за четири лица е одбиен притворот, меѓу кои поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко. За другите четворица, меѓу кои и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски дополнително ќе се утврдува бидејќи не биле во земјава.
Професор Осман Кадриу вели дека се очекувало Кривично суд да не го прифати барањето на Специјалното јавно обвинителство за изрекување на мерката притвор, а сега откако Јанева го искористи правото да се жали на одлуката на потег е Кривичниот совет.
„Имајќи предвид каков состав на судии имаме и дека судството е политизирано, корумпирано и компромитирано не е чудо и Кривичниот совет да ја одбие жалбата на Специјалното јавно обвинителство, што значи дека тогаш одлуката на судијата поединец ќе остане на сила.“
Во тој случај, според него, останува постапката да продолжи со подигнување на обвинение за случајот од страна на Специјалното јавно обвинителство. Но, како што нагласува тој и тогаш Јанева ќе се соочи со сериозни опструкции. Единствен правен и политички лек во овие случаи е формирање на Специјален суд, смета Кадриу.
„Но за Специјалниот суд, според сегашната регулатива, има уставна забрана. За да може да се формира Специјалниот суд треба да се отвара Уставот, но и тоа може да се направи ако има политичка волја од Парламентот. Станува збор само за една интервенција, еден амандман да се предвиди можност за конкретни случаи да се формира Специјален суд и тогаш работата ќе биде завршена. Сметам дека тој во едно разумно време и рок врз основа на пријавите и обвиненијата на Специјалното јавно обвинителство да ги расветли и реши сите овие случаи. Во спротивно ќе имаме сериозни проблеми во разрешувањето на тие случаи“.
Засега не е познато кога ќе бидат сослушани останатите осомничени кои не се појавија пред Судот.